Консумирањето алкохол откако ќе станете родител веќе никогаш нема да биде исто, а мамурлакот уште помалку. Додека пред да имате деца сте можеле да си дозволите целодневно лежење и „лекување“, сега таквите ситуации се речиси незамисливи. Но, дали некогаш сте се запрашале како одредени родители се однесуваат кога ги мачи мамурлак? Ова се неколку типови родители што може да ги сретнете.

1. Заборавив како се пие

Мајките сигурно ќе се соочат со вакви изјави откако ќе престанат со доење, кога ќе ја испијат првата чаша вино по повеќе месеци апстиненција. Татковците би можеле да се најдат во истата ситуација откако по долго време ќе се почестат со машко друштво. Ќе ги препознаете по изјавите од типот: „Што ми требаше ова?“ Откако ќе ве известат дека веќе никогаш нема да пијат, само кимајте со главата и правете се дека им верувате.

2. Сѐ  е дозволено

Вашето дете ќе ве обожава бидејќи за време на мамурлакот сте во состојба да го кажете само зборот „да“, не се ни обидувате да помислите за она што ве прашува детето. Нездрава храна, одење на спиење подоцна, прескокнување на тренинг… Ма, сѐ може!

3. Полицаец

Ни сериозниот мамурлак не може да ве спречи да имате сѐ под контрола. Дури, благодарение на главоболката, во текот на тие денови сте уште построги. Ако вам не ви е добар денот, нема да им биде ни на другите.

4. Само оставете ме да спијам

Сè додека во куќата постои уште една возрасна личност, воопшто не ве интересира што се случува. Сакате само да спиете додека вашата изморена душа (и црн дроб) заздравува од преголемото количество алкохол.

5. Професионалец

Каков мамурлак? Не се ни забележува дека некогаш во животот сте испиле капка алкохол.

6. Тоалетот е само ваш

Половина од денот ќе го поминете прегрнувајќи ја веце-школката и уверувајќи ги вашите деца дека сигурно имате некој вирус, па подобро е да стојат што подалеку од вас. И да не влегуваат во тоалетот.

7. Емотивен

Чувството на вина во вас го буди најемотивниот човек. Чувствувате како ве преплавува љубов кон вашите деца и партнерот и се обидувате тоа јасно да им го дадете до знаење. Всушност, можеби сте само уште малку пијани од вчеравечер

 



912

X