По 40-тата година многу телесни и репродуктивни функции на жените почнуваат да се менуваат со поголем или помал интензитет. Како тие промени се одразуваат врз менструалниот циклус?

Циклусите може да се продолжат

Исто така и да се скратат. Времето на преоѓање од „нормален“ репродуктивен систем кон менопауза може да трае и до пет години, вели д-р Ребека Дунсмур-Су, гинеколог од Сиетл. Таа преодна фаза се нарекува предменопауза. Дека сте влегле во менопауза ќе знаете кога некое време веќе нема да добивате менструација и ќе заклучите дека таа била последната во животот.

Менструацијата може целосно да изостане

Како што се менува хормонската рамнотежа по 40-тата година, така може да се случи и менструацијата во некој момент сосема да изостане, односно едноставно да ја прескокнете. Не  грижете се! Тоа, според д-р Ребека Дунсмур-Су, е сосема нормално и безопасно во периодот пред менопаузата.

Циклусот се скратува

Во одреден период циклусот се скратува. Тоа значи дека менструацијата ќе се јавува почесто, на секои две или три недели. Но, секое тело е различно и дали менструацијата ќе доцни или ќе доаѓа порано е сосема индивидуално. Тоа, исто така, може и да варира од месец во месец, вели докторката.

Грчевите, ПМС и промените во расположението може да се зголемат

Многуте промени во телото по 40-тата година, пред сè промените во хормонската рамнотежа, можат, за жал, силно да влијаат врз расположението. Не е невообичаено жените да страдаат од нагли промени во расположението и да бидат склони кон депресија. Може да се зголемат и симптомите на ПМС, болките и тегобите поврзани со доаѓањето на менструацијата, смета д-р Дунсмур-Су.

Драстично опаѓа плодноста

И шансата за бременост е значително намалена по 40-тата година. Јајчниците обично имаат полош квалитет и спонтаните абортуси се поверојатни. Но, не значи дека не може да се случи бременост, така што потребно е да се користи некој вид заштита.



912

X