Седум месеци учениците и наставниците живеат „нова нормалност“. Седум месеци се разделени и функционираат во едни поинакви услови, кои до пред пандемијата им беа непознати. Новиот начин на живот нè исправи пред многу предизвици, а она на што психолозите постојано нè потсетуваат е да се грижиме за емоциите и за менталното здравје, за благосостојбата и здравјето на децата.

Но, како се чувствуваат наставниците? Што им недостига на оние кои веќе еден месец секој ден одат на училиште, влегуваат во празна училница и своето знаење го пренесуваат гледајќи во монитор? Како ли им е кога поминуваат низ пустите ходници без детска врева и кога влегуваат во просторијата со празни клупи и столчиња, во која на ѕидовите висат делата што некогаш заеднички и со љубов ги создавале со децата на часовите? Тешко ли им е кога во екраните често гледаат замислени и студени лица, а уште почесто само иницијалите на децата…?

Овие прашања им ги поставивме на професори по одделенска настава и на професори во средно образование. Нивните искрени и емотивни одговори не оставаат простор за рамнодушност.

Прочитајте ги на Факултети.мк.



912

X