Многу славни ѕвезди покажаа како децата им помагаат во подготовките на домот за божиќните и новогодишните празници
Алана, Матео, Ева Марија и Кристијано Роналдо
Џорџина Родригез позирала со Дедо Мраз и ќерката Алана Мартин и со децата на Кристијано Роналдо, близнаците Ева Марија и Матео (18 месеци) и синот Кристијано Џуниор (8).
– Колку се забавуваме при купувањето на божиќните украси за нашиот нов дом во Торино. Уживавме и бевме задоволни знаејќи дека придонесуваме за благородна цел – рекла Џорџина, споменувајќи дека купувале во продавница која ќе донира процент од продажбата за болница.
Колку прекрасно време за семејно заедништво, топлина и љубов. Никогаш не смееме да ги заборавиме оние на кои им треба помош, Кристијано, не постои поголемо задоволство од ова.
Еми и Макс Муниз, Ела и Наташа Родригез
View this post on Instagram
The best times are with these lil ones… ??? #ilovechristmastime #familia
Близнаците Макс Давид и Еми Марибел (10) не се плашат да се качат на скала за да помогнат при китењето на елката.
– Најубавото време е она што го поминуваме со децата – напиша пејачката Џенифер Лопез и објави фотографија од децата.
Гвендолин, Емилија, Анабел, Џошуа и Оливија Ван дер Бек
Глумецот Ван дер Бек го собра целото семејство за да одберат новогодишно дрвце. Друштво му правеа сопругата Кимберли и нивните деца Гвендолин (5 месеци), Емилија (2), Анабел (5), Џошуа (6) и Оливија (8).
– Само едно дете се обиде да побегне во текот на фотографирањето. Не е лошо – се пошегува под фамилијарната фотографија.
Тенеси Тот
– Две недели до Божиќ. Рацете горе ако си возбуден – напишала глумицата Риси Витерспун покрај фотографијата од синот, кој не може да го дочека божиќното утро.
Алијах и Ханк Баскет
На бившата плејбој-зајачица Кендри Вилкинсон при купувањето на божиќната елка ѝ помогнале 4-годишната ќерка Алијах Мери и деветгодишниот син Хенк Рендал Четврти.
– Ја набавивме нашата новогодишна елка – напишала гордата мајка.