Културите на воспитување и родителските стилови се разликуваат од земја до земја. Така, во Индија, мајките и татковците имаат принципи до кои се придржуваат кога ги воспитуваат своите наследници.

Ниту еден стил на родителство не е совршен и секој има свои добри и лоши страни. Еве како се одгледуваат децата во Индија – добрите и негативни страни:

Контролирани информации

Индиските родители обично се многу строги за контролата на информациите што нивното дете ги добива. Тие се грижат нивното дете да не биде изложено на непристојни содржини, особено од интернетот или телевизијата. Тие веруваат дека за сè постои вистинска возраст и дека децата треба да бидат заштитени додека не станат доволно зрели да разберат сложени или комплицирани работи.

Манирите на прво место

Индиските родители обично не толерираат непристојно однесување. Децата во индиско семејство не смеат да покажат непочитување, дури и за време на расправија, ниту да ги трескаат вратите во куќата. Тие исто така се грижат браќата и сестрите, без разлика на полот или разликата во возраста, да имаат почит еден кон друг, дури и ако многу се расправаат.

Важноста на образованието

Индиските мајки и татковци се многу строги кога станува збор за училиштето. Тие ја следат изработката на домашните задачи и испитите и се подготвени да учат со децата и да ги коригираат нивните задачи. Децата подоцна често им се заблагодаруваат на своите родители што ги научиле на самодисциплина.

Се мешаат во изборот на друштвото

Индиските родители се прилично љубопитни за тоа со кого се дружат нивните деца и со кого развиваат блиски пријателства. Тие не се двоумат да ви кажат дали некој пријател е себичен или има лошо влијание.

Постарите се секогаш во право

Постарите лица секогаш се многу почитувани во индиските семејства. Почитта кон постарите членови на семејството е толку вкоренета што децата се двоумат дали да изразат спротивно мислење. Родителите често не сакаат да го слушнат мислењето на нивните деца за постарите кога тоа е негативно.

Сè што се случува во семејството треба да остане во семејството

Индиските родители се многу загрижени за нивната репутација во општеството. Не сакаат семејните работи да се дискутираат на отворено, надвор од семејството. Како резултат на овој архаичен менталитет, многу деца не успеваат да комуницираат со своите родители или со другите за какво било непријатно искуство што го имаат во семејството.

Родителите секогаш сакаат да имаат целосна контрола врз животот на своето дете

Иако е правилно родителите да имаат контрола врз животите на нивните деца, погрешен е начинот на кој таа се сфаќа и применува. Родителите треба да бидат извор на водство за детето, но не треба да ја загрозуваат слободата на детето и да се мешаат во секој аспект од неговиот живот, да го заштитуваат премногу и да не дозволуваат да се осамостои.

Извор



912

X