Иако се слатки, детските играчки често се претвораат во вистински мали гадости поради честата употреба. Кога на тоа ќе ги додадеме и лепливите детски прсти, малку храна и прашина, јасно ни е дека им треба редовно и темелно чистење. Но, како да ги одржувате играчките чисти?

Пластични играчки

Пластичните играчки кои немаат ткаенина или механизам на себе и батерии што не можат да се отстранат полесно се чистат отколку што мислите. Претходно овие играчки завршувале во када полна со вода и сапун, но сега е уште полесно бидејќи доволно е да ги ставите во машина за миење садови и да ја вклучите програмата по желба, во зависност од тоа колку се валкани играчките. Тие ќе излезат чисти, а повеќето од нив целосно суви. Не е потребно дополнително плакнење, само ставете ги играчките на крпа за да можат целосно да се исцедат и исушат ако на некои места има малку вода.

Играчки за капење и гумени играчки

Играчките за капење често се неодоливи, особено кога ќе ја видите таа патка како радосно се капе со вашето дете, но сите играчки кои имаат мала дупка за воздух на себе лесно можат да станат почва за бактерии и габи. Дополнителен проблем се јавува кога детето ќе ја исцеди водата од таквата играчка врз себе, или во водата во која се капе. Таквите играчки треба да се натопени во топла вода со додадено средство за дезинфекција, или едноставно да се варат во вода. Можете да ги исчистите сите гумени играчки на ист начин.

Полнети играчки

Кадифените полнети играчки често се повалкани отколку што изгледаат, одлично собираат прашина и ги впиваат сите непожелни работи. За среќа, перењето во машина лесно може да ги направи меки, миризливи и повторно подготвени за гушкање. За да не се оштетат при перење, ставете ги во навлака за перница пред да ги ставите во машината за перење. Ако играчките немаат пластични делови, можете да ги исушите во машината за сушење на програмата за деликатни производи, за да ги направите уште помеки. Ако играчката содржи механизам што работи на батерии или не може да се пере во машина поради некоја друга причина, обидете се да ја исчистите со чистач на пареа. Многу е важно играчките добро да се исушат пред да се вратат во употреба.

Дрвени играчки

Дрвените играчки им задаваат главоболки на мајките бидејќи најтешко е да се уверите дека се целосно дезинфицирани. Дрвените играчки се издржливи и долготрајни и често даваат сосема нова димензија на игра за децата, затоа не избегнувајте ги. Добрата вест е секако дека дрвото како материјал има антимикробно дејство и не е погодна почва за бактерии како што се ткаенините и пластиката. За да ги дезинфицирате и исчистите дрвените играчки, ќе биде потребно само да ги избришете со топла вода во која сте додале алкохолен оцет. Не е потребно да ги натопувате играчките, туку само да ги избришете темелно.

Играчки со електронски делови

Играчките со електронски делови не треба да се потопуваат во вода, па затоа е неопходно да се најде ефикасен начин за темелно чистење. Попрскајте ја играчката со мешавина од топла вода и оцет и темелно избришете ја со сува крпа. Ако се работи за пластична играчка, подобро е смесата да ја испрскате на крпа и со неа добро да ја избришете играчката.

Книги

Ако мислевте дека чистењето играчки е тешко, што е со чистењето книги? Додека децата се мали и актуелни се цврстите сликовници, тоа не е таков проблем, бидејќи е можно да се избришат со марамчиња за дезинфекција, но поголем предизвик е да се дезинфицира вистинска хартиена книга. Можете лесно да го направите ова со ставање на книгата во замрзнувач неколку дена за да ги убиете сите микроорганизми што се наоѓаат на книгите.

Конечно, не заборавајте дека не се сите бактерии наши непријатели. Силниот имунитет бара и контакт со бактерии. Затоа, играчките не треба често да се чистат, особено оние што не ги носи детето со себе во парк, градинка или кои не се придружници на детето во хранењето и пресоблекувањето. Играчките кои децата ги ставаат в уста или со кои си играат во паркот, секако бараат почесто чистење.

Извор



912

X