Во текот на жешките летни денови вистински предизвик е да се заштити бебето од сонцето, па родителите честопати одлучуваат да ја покријат количката со памучна пелена или крпа. Ова решение може да изгледа како одлична идеја на прв поглед, а веројатно мислите дека крпата ги спречува сончевите зраци да стигнат до бебето и му држи сенка.

Но, материјалот што го ставате преку количката не дозволува свежиот воздух да стигне до бебето и се создава многу влага. Ако детето се наоѓа во просторија каде што температурата е превисока и тоа е без свеж воздух, неговата телесна температура може да се искачи петпати побрзо отколку што тоа се случува кај возрасен. Овие состојби може да доведат до дехидрирање на детето.

За да го заштитите вашето бебе од сонце додека е во количка, најдобро е да користите мал чадор, кој во повеќето случаи доаѓа заедно со количката. На тој начин му обезбедувате и сенка и доволно кислород.

На видеото подолу, и едната и другата количка се поставени на сонце. Количката покриена со крпа достигна температура над 39 степени, додека на другата порасна, но не повеќе од 33,7 степени.

Извор



912

X