Видео во кое се покажува како правилно да се постави бебето во ергономска носилка (слинг) станало вирално со над 1,5 милион прегледи.
Видеото било објавено на популарната платформа „Тик-ток“, а потоа било споделено на другите социјални мрежи. Се работи за водич за мајките и татковците за правилно да го постават бебето во носилка. Видеото е направено од страна на „Гласгов Слинг библиотека“, непрофитна организација која се фокусира на информирање и поддршка за родителите.
Гема Хамилтон, член на организацијата и „режисер“ на видеото, изјавила:
– Забавните видеа – туторијали се одлична работа во слинг-светот, но обично се прават на „Јутјуб“. Решив да снимам видео на „Тик-ток“ бидејќи тоа значеше дека може да се користи – дует-опцијата, а сум видела дека таа опција е одлична за повеќе различни теми. Но кога го објавивме видеото, немавме поим дека ќе стане толку споделувано и прегледувано.
На видеото е прикажана Хана Инман, колешка на Гема, која го завиткува бебето околу себе и го поставува во носилката. Гледачите испратиле пофалби кон групата бидејќи покажуваат креативен и едноставен начин за користење на носилката за бебиња, која се нарекува и „слинг“ и е многу популарна, но е нешто со кое родителите често се борат. Гема истакнала:
– Родителите и старателите често бараат инструкции онлајн за начинот на користење на носилките. Со ова се промовира поврзаноста на родителите со децата и се зголемува успехот во реализација на процесот на доење. Исто така, може да се зголеми независноста на детето и да се зајакнат неговите основни мускули во вратот и главата. Има и докази дека во првите 3 месеци од раѓањето бебињата треба да се држат во прегратка, бидејќи со тоа се намалува плачењето.
@glasgowslinglibraryDuet this! ##OneWayChallenge ##fyp ##scottishtiktokkens ##mum ##sling♬ original sound – dragon.daddy.cosplay
Автор: Хедер Карик