Ако на вашето бебе му понудите шишенце првпат или ако не успеете да го навикнете на тоа, можеби нешто не му одговара. Обидете се да ги примените овие правила така што и вам и на бебето ќе ви биде удобно и полесно за време на хранењето со шише.

– Идеалната положба за хранење е да седите на кревет и да ги кренете колената, а бебето да го поставите на бутовите.
– Никогаш не обидувајте се да го нахраните вашето бебе додека плаче, туку прво смирете го. Треба да обрнете повеќе внимание на „сигналите“ дека детето е гладно, како на пример отворање на устата.
– Времето на хранење е исклучително важно, а на бебето му е полесно да се фокусира на јадење во просторија која не е бучна и е добро осветлена.
– Кога ќе испие половина од шишето, подигнете го детето и помогнете му да подригне и да го исфрли вишокот воздух. Така помалку ќе ја плука храната, а нема да има гасови.
– Штом ќе престане да ја влече цуцлата, значи дека е доволно сито. Затоа, не присилувајте го да продолжи бидејќи тоа добро знае кога му е доста. Оставете го да одмори малку, па обидете се повторно. Ако го оттурне шишето и ја сврти главата – хранењето е завршено.

– Секогаш подготвувајте млеко во прав строго според упатствата и непосредно пред хранење.
– Вечерниот оброк нека биде дел од рутината пред спиење. Никогаш не ставајте го бебето во креветчето со шише бидејќи тоа ќе го бара кога ќе порасне, а тоа негативно се одразува врз забите.
– При преминот од градите на шишето, таткото може да биде од голема помош и да ја преземе улогата на негувател на бебето. Ова ја зајакнува и блискоста меѓу него и бебето. Затоа, нека ужива!

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор



912

X