Иако на секој што има лего-коцки дома му паднало тоа на ум, сепак миењето на коцките во машина не е добра идеја. Коцките може да го променат обликот и да станат неупотребливи.

Ако имате деца, веројатно во моментов имате некој вид лего-коцки (или нивен генерички еквивалент) во својот дом. Веројатно и сте стапнале на некоја со гола нога и притоа сте го научиле своето дете на некои од првите „лоши“ зборови. Кога ќе размислите малку подобро, овие мали, пластични коцки се многу повалкани отколку што мислите. Веројатно биле во устата на децата, под боси нозе и на подот од тоалетот, потурени со сок или млеко, а можеби до нив дошло и домашното милениче. Ако веќе некое време (или никогаш) не сте ги миеле лего-коцките, еве како треба да се исчистат.

Како да се исчистат лего-коцки, според упатствата од произведувачите:

Од некоја причина, по отворањето на пакетот лего-коцките како да имаат некоја леплива површина на нив која „лови“ сѐ. Ако коцките сте ги купиле од претходен сопственик, а не од продавница, речиси никогаш не се чисти. Во секој случај, ќе сакате да ги измиете. Се препорачува коцките да се исчистат рачно со вода не потопла од 40 Целзиусови степени и со мека крпа или сунѓер. Повисоките температури може да влијаат врз квалитетот на коцките. Во водата можете да додадете некој понежен детергент – па потоа добро да ги исплакнете.

Не ставајте ги коцките во машина за перење облека или за миење садови и не обидувајте се да ги исушите во рерна, микробранова или со фен. Кога коцките многу се загреваат, го менуваат обликот, што значи дека повеќе нема да може да се користат.

Автор: Јелена Крамар

Извор



912

X