Воспитување

Како полесно да го пронајдете вашето дете ако се изгуби во толпа

Ако некогаш ви се случило вашето дете да залута или да се изгуби во голема толпа, добро знаете колку тоа е трауматично за вас како родител, но и за вашето дете. Затоа една мајка споделила трик на социјалната платформа „Редит“ кој може да спаси живот и да му помогне на секој родител полесно да го најде своето дете доколку се изгуби или случајно залута во толпата.

„Кога излегувате со вашите деца, набрзина сликајте што носат. Во моментот на паника тешко е да се сетите на наједноставните детали, како што носело вашето дете кога исчезнало. Фотографирајте ги и неговите чевли“, напишала мајката, а објавата ги воодушевила другите родители, од кои повеќето признале дека досега не размислувале за ова.

„Конечно нешто паметно за читање на Редит. Ова дефинитивно ќе го применувам отсега натаму“, напишала една мајка.

„Татко ми нѐ тераше мене и моите браќа да се облекуваме исто кога одевме некаде за полесно да нѐ најдат ако случајно се изгубевме, но и за да каже што точно носевме во моментот на нашето исчезнување. Тоа беше пред многу години, односно пред дигитални камери и паметни телефони“, додал друг корисник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top