Сите знаеме дека децата и не се баш многу послушни кога родителите ќе им речат да им помогнат во нешто. Но, еден градежен работник добил неверојатна помош од 6-годишното дете на неговата клиентка.

Неименуваниот работник работел на поплочувањето на патека кај Стеф Хиткот, чиј син Хари одлучил да помогне. Откако помогнал во работата, градежниот работник му оставил писмо заблагодарувајќи му се за напорната работа.

Од мешање цемент, ставање камења во количката до комично фотографирање црни птици и пајак, со неговите вредни рачиња Хари успеал да си заработи 10 фунти, минус данокот и осигурување.

Писмото стана вирално на „Твитер“, при што луѓето се воодушевени од добрината на работникот кој го наградил момчето.

Во писмото градежниот работник му се заблагодарува на момчето што му подавало тули, плочки, му мешало цемент, ставало камења во количката, правело фотографии од црни птици и пајак, затоа што прашувало „зошто“ многу повеќе отколку што некогаш слушнал некој да праша.

На крајот, работникот напишал минус данок и осигурување и „плата“ од 10 фунти.

Извор



912

X