Таткото на Пит Дејвидсон, пожарникар од Њујорк, починал на 11 септември во терористичкиот напад на кулите-близначки, кога Дејвидсон имал само 7 години. На годишнината од смртта на татко си, Дејвидсон често става постови на социјалните мрежи во негова чест.
Тој објавил две фотографии од својот татко. На првата фотографија татко му држи пиво „хајнекен“ в рака, а Дејвидсон под неа напишал:
– Не можам да си поверувам дека поминаа 15 години. Ми недостига легендата. Ти благодарам за сите твои убави зборови и поддршка.
На втората фотографија, комичарот напишал:
– Еден од пријателите на татко ми ми ги даде овие валкани чизми од работа и фотографија од него на која изгледа како легенда.
Во 2015 година, актерот сподели серија твитови на кои се сеќава на својот татко – микс од шегите, упатени желби за денешните пожарникари и благодарност до луѓето што дале поддршка, вклучувајќи ги Мае Витман, Ејди Брајант и Ванеса Бајер.
– Шегите настрана. Нема ден, а да не помислам на тебе. Ти си мојот херој. Едвај чекам повторно да те видам еден ден.
Неодамна и свршеничката на Пит, Аријана Гранде, се вклучи во одржувањето на споменот на таткото на Пит. Во јули, само неколку недели откако парот ја објави свршувачката, 25-годишната пејачка беше забележана со малечка тетоважа – броевите 8418, бројот на беџот на таткото на Пит. И Дејвидсон ги има истите бројки тетовирани на неговата лева рака.