Бабите и дедовците можат да им бидат голема поддршка на новите родители кога ќе пристигне бебето. Не мора да дојде до генерациски конфликт. Еве како:

1. Бабата и дедото можат да испратат известување и кратки информации до сите роднини и пријатели на семејството. Се разбира, ако се согласат родителите.

2. Тие можат да ги извршат едноставните работи низ домаќинството без да поставуваат многу прашања како: „Каде седи оваа чинија?“ или „Кој прашок за перење го користиш?, така што ќе имате чувство како да работите заедно со нив.

3. Бабата и дедото може да прашаат што сакате да јадете, да се погрижат за ручекот кога не сте дома или да направат неколку оброци за наредните денови.

4. Можат да направат убави семејни слики од тие први заеднички моменти. Но, овие слики треба да бидат спонтани, без да ве тераат да позирате и, секако, без претерување.

5. Бабите и дедовците можат да го чуваат бебето. Ако мајката дои, тоа нема да биде типично чување на бебето, но барем родителите ќе можат да одат на прошетка или на кафе. А ако бабите и дедовците знаат да користат мобилен, можат да испратат порака или фотографија како доказ дека бебето е во сигурни раце.

6. Ќе го однесат бебето на прошетка за родителите да се наспијат барем еден час.

7. Ќе прашаат пред нешто да направат по свое. Верувале или не, некои баби и дедовци го почитуваат мислењето на родителите. Знаат дека многу работи се промениле откако тие имале бебе. Така, тие ќе проверат дали родителите се согласуваат со некои од нивните постапки.

8. Бабите и дедовците можат да им посветат време на постарите деца и да им помогнат да не се чувствуваат запоставени во текот на првите неколку дена.

Извор



912

X