Ако имате новороденче или сте на прагот на добиете ново бебе, сигурно се запрашувате зошто бебињата мирисаат толку добро? Бидејќи навистина е така. Тие како да се дизајнирани да мирисаат убаво, особено во првите неколку недели. Но, некогаш мирисот што го испуштаат е различен, дури и непријатен. Некои велат дека е поврзан со амнионската течност што се задржува на кожата кај бебињата, други посочуваат дека мирисот на бебето доаѓа од „вермикс касеоаса“ – супстанција која ја заштитува неговата кожа од амнионската течност.

Сепак, се работи за нивните први мириси.На крајот на краиштата, детето ќе почне да произведува секакви мириси. Прочитајте за нив во следната листа:

1. „Разбивање“

Најчесто ова следува по дијареја. Но, најлошиот дел е што може да има премногу измет, па е тешко детето да го избришете и најчесто веднаш завршува на бањање. Се случува изметот да се рашири до вратот, а во вакви случаи мирисот останува подолго време.

2. „Првиот измет од цврста храна“

Сè додека детето не почне да јаде цврста храна, имате чувство дека добро се справувате со нуждата на детето. Ако го доите, изметот може да не мириса толку лошо. Но, кога детето ќе почне да јаде цврста храна, тогаш се соочувате со нови дигестивни предизвици, па следствено на тоа и нови мириси.

3. „Тајниот измет“

Ова е случај кога не сте забележале дека детето врши нужда. Којзнае колку долго стоело во истата пелена. Па по некое време забележувате дамка на облеката и откако ќе го соблечете – Бум! – тајниот измет ве погодува со неверојатен мирис.

4. „Плукање“

Ова е прилично блиско до повраќаница бидејќи се работи за остатоци што поминале некое време во стомакот. Стомачните киселини ја варат храната, но дел од неа може да се врати низ устата на бебето и обично таа течност завршува на облеката на родителот, на килимот, парче мебел и слично, па мора да се избрише за мирисот да исчезне.

5. „Остатоци од млеко“

Бебето може несмасно да испушти дел од млекото кога се храни и мала количина да остане меѓу неговите лакти, или ножиња, па може да се случи бебето чудно да замириса, ако брзо не се забележат остатоците и не се избришат.

6. „Свежа пелена“

Овој мирис е пријатен бидејќи лошиот е веќе исчезнат. Бебето е избришано, измиено, намачкано со лосион и ставена му е свежа, нова пелена.

7. „Првиот измет“

Совршено добро и совршено лошо. За некое чудо, првиот измет не мириса многу. И таквиот „тренд“ продолжува додека бебето се храни со мајчино млеко. За жал, ова не трае долго.

8. „Малку испотено бебе“

Кај некои луѓе повеќе, кај некои помалку – сепак, потта предизвикува непријатен мирис. Кога бебињата се потат, по некоја поголема активност, можно е да добијат деликатен мирис кој е комбинација од бебешки мирис и солен океански воздух.

9. „Мирисот по бањање“

Мирисот на бебињата по бањањето е поврзан со сапунот кој го користите при процесот. Повеќето од нив се „без мирис“, но имаат во себе сапунести ноти. Не се цветни, туку мириса на чисто.

10. „Бебе донесено однадвор“

Без разлика дали е снежно, студено време надвор, измешано со топла волнена облека, мирисот на тревата и лисјата или летниот ветер, бебето донесено однадвор е како неверојатна смиреност за душата.

11. „Мирис на новороденче“

Тешко е да се опише овој мирис. Кога бебето ќе излезе од утробата на мајката и кога ќе биде ставено во нејзината прегратка, бебето мириса како на „свежо бебе“. За мајката, која штотуку се породила и има хиперсензитивно чувство за мирис, овој мирис на бебето ќе биде опоен, а и татковците треба да го искусат. Ваквиот мирис трае околу 6 недели.

12. „Здив со мирис на јагода“

По одредено време бебињата ќе може да јада цврста храна и додека здивот од доењето може да биде убав и сладок, нема поубав мирис од свежа јагода во устата, а потоа и здивот на детето. Тоа е неверојатен мирис. Вашето дете, кое допрва ќе ја носи бактеријата што доведува до лош здив, ја зема јаготката, ја крши во својата уста и некако создава чист, сладок, топол мирис на јаготка.

Автор: Патрик А. Колман

Извор



912

X