Без разлика дали имате тераса или двор, одвојте одреден дел од тој простор за интересно ќоше за игра. На тој начин на детето ќе му овозможите дополнително време на воздух и кога е дома. Колку и да се мали дворот и терасата, решение постои. Можете да додадете масичка и да направите мала кујна, дел со песок, удобни перници за седење. Овој мал простор ќе биде одличен за моментите кога морате да бидете во домот.

Погледнете ги предлозите, па изберете во согласност со интересите и возраста на вашите деца за да им биде интересно.

Кујна

Кујната е одличен пример на едноставен модел за игра кој можете да го направите. Искористете ја старата комода или штици што можеби веќе ги имате, додајте пластичен сад или кофа за вода и играта може да започне.

Извор

Ќоше за читање

Во зависност од тоа колку простор имате, можете да направите и помал или поголем дел за читање. Додајте полица за книги, удобна перница за седење или стол што детето го сака, направете заштита од сонцето и дождот, додајте некој декоративен елемент и сте направиле цела куќичка за играње.

Извор

Сензорна патека

Ваквата патека може да се направи и во двор и на тераса (ако има барем малку должина). Патеката со делови за одење по каменчиња, мека трева, дрвца и слично му овозможува на детето да почувствува различни облици под нозете, да ги вежба рамнотежата и развојот на стапалата.

Извор

Шарена завеса


Уште една многу добра идеја е оваа завеса од ленти зад која детето може да се скрие, да си игра, да се одвои од вас за момент. Лентите со различни бои и мирисите на природата (ако сте во двор) се одлична комбинација за едноставна, а многу стимулирачка игра за сетилата.

Извор

Градилиште

Корито или базенче е совршено место за правење градилиште во кое вашето дете ќе ужива ако сака багери, камиони и слични возила. За полнење можете да користите покрупен песок или песок помешан со каменчиња.

Извор

Маса за песок и вода

Претворете ја старата клупа или масичка во повеќефункционален мебел за игра. Поклопувачот можете да го обоите со боја, а внатре може да монтирате соодветни садови за песок и вода. Детето ќе ужива.

Извор

Село за куклички

Доколку сте креативни и снаодливи со дрво, можете да се одлучите и за изградба на село за омилените играчки на детето. Можете да ги искористите и куќичките што можеби веќе ги имате и само да ги распоредите со додатоци на зелени елементи за супер игра.

Извор



912

X