Од што страдаат децата поради климатските промени
Педијатрите предупредуваат за начинот на кој климатските промени непропорционално ги засегаат децата. Еден труд објавен во списанието „Педијатрија“ вели дека докторите веќе ги забележуваат сериозните ефекти од климатските промени врз здравјето на децата, како и тоа дека климатските промени можат лошо да влијаат врз напредокот постигнат во текот на изминатите 25 години во намалувањето на морталитетот на децата. Моментално, 88 отсто од товарот на болестите е поврзан со климатските промени.
Климатски катастрофи, како што се ураганите „Харви“, „Катрина“ и „Ирма“, го загрозуваат здравјето на децата, како и екстремните температури што носат голем број комарци кои пренесуваат маларија и опасни вируси, како зика, бактериски инфекции и недостатоци во исхраната поврзани со нестабилноста на културите.
Во пресрет на ваквите предизвици, возрасните имаат тенденција да бидат поотпорни, додека децата се разболуваат и умираат, особено во земјите во развој. Во случајот на вирусот зика, најзастапен во североисточен Бразил, не постои лек за микроцефалија што резултира со премала глава на бебето и неразвиеност на мозокот.
Трудот цитира истражување од Факултетот за медицина на Универзитетот „Емори“ во кое е утврдено дека смртните случаи поради дијареја, маларија и недостатоци во исхраната кај децата помали од 5 години зафатиле 38 отсто, 65 отсто и 48 отсто, соодветно, од сите смртни случаи во светот во 2015 година.
– Децата страдаат од поголеми влијанија на топлина бидејќи поминуваат повеќе време надвор. Тие се поподложни на загадувањето на воздухот што произлегува од издувните гасови бидејќи нивните бели дробови сè уште добро се развиваат.
Пораката е јасна: Ако приоритет ни е да ги заштитиме нашите деца, тогаш ова мора да оди подалеку од домашната сфера. Мора да се рефлектира во политиките што ги донесуваат владите што сакаат силни и здрави лидери во иднина. Треба да биде воведено во училиштата за децата да знаат дека врската помеѓу умот и телото е моќна. Потребно е да стане дел од пораката на семејните лекари и педијатрите.