Повеќето трудници не се сигурни дали ќе ги препознаат вистинските породилни болки, дали навреме ќе тргнат во болница или ќе го родат детето по пат. Но, постојат јасни знаци кога е време да ја земете торбата в раце и да тргнете кон породилиштето.

Првото породување обично е долг процес. Најраните болки се познати како рано породување. Оваа фаза може да трае ден или два, или може да почне, а потоа да престане. Кога контракциите се редовни и силни, доаѓаат на секои 3-4 минути и таквата состојба трае еден час во континуитет, треба да ја повикате својата бабица или лекар. Ќе ви постави неколку прашања кои ќе одредат дали е време за одење во болница и преглед. Само вагиналниот преглед ќе покаже дали вратот на матката е проширен. Ако е отворен приближно 4 сантиметри, подготвени сте за породување и ќе бидете примени во породилиште.

Д-р Сенка Саболовиќ Рудман, специјалист по гинекологија и акушерство, објасни кога треба да се тргне кон породилиште:

– Кога породилните болки се јавуваат во сè пократки интервали, при што стануваат сè поинтензивни, породувањето започнало. Вообичаено е да се советуваат трудниците да тргнат кон породилиштето кога породилните болки се јавуваат на 5 минути. Меѓутоа, ако на трудницата ѝ изгледа дека болките ѝ се веќе на 7. минута интензивно силни, болни и непријатни, задолжително треба да се упати во породилиште. Перцепцијата на болката сепак е субјективен феномен.

– Ако ова не е ваше прво породување, повикајте го вашиот лекар кога растојанието помеѓу контркациите е 10 до 15 минути. Општо, второто породување е за половина побрзо од првото, вели д-р Тед Пек, специјалист за високоризична породилна медицина во медицинскиот центар во Висконсин. Исто така, размислете за тоа како се забрзувале контракциите првиот пат. Колку време треба да помине од контракциите што се јавувале на секои 5 минути до контракциите што се јавувале на секои 1-2 минути? Со одредување на времето на контракции, размислете за тоа колку ви е далеку породилиштето или болницата и колку сте биле отворени на последниот преглед. И, се разбира, ако ви пукне воденикот, време е да се тргне кон породилиште.

Следете ги движењата на бебето

„Важен дел од самоконтролата е секојдневно следење на движењата на плодот. Броењето на движењата на бебето е едноставен начин за следење на неговата состојба. Ако забележите промена, дали е тоа необично зголемување или намалување на активноста, тоа може да биде показател за можна загрозеност на вешто дете. Она што е дефинитивно знак за аларм е ако воопшто не ги чувствувате движењата на плодот. Во тој случај треба веднаш да се обратите на надлежен гинеколог или во итна служба во породилиштето за да се утврди за што се работи“, нагласува д-р Сенка Саболовиќ Рудман.

Ако сте бремени со близнаци или имате друга високоризична состојба, веднаш обратете се на вашиот лекар ако мислите дека можеби ќе почнете да се породувате. Секоја трудница што доживува која било од следните состојби, исто така мора веднаш да се обрати на својот лекар или бабица: пукање на воденикот, вагинално крвавење, бебето не се движи, потечено лице и потечени нозе, замаглен вид, тешки главоболки, вртоглавица, интензивна болка во стомакот, изненадувачки пораст на телесната тежина, напади.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X