Веруваме дека нема ниту едно дете што го поминува секојдневието со Биби, а да не го сака нејзиното милениче. Зазулчето дојде во светот на Биби во новогодишната сказна „Биби и Дедо Мраз од Заз“. Биби си замисли желба да добие милениче и таа ѝ се исполни. Но, тоа не е обично милениче, тоа е зазулче кое Дедо Мраз ѝ го донесе од планетата Заз.

Тоа мало слатко суштество што не зборува, но е верен другар во сите сказни и содржини од „Светот на Биби“, од утревечер ќе има име. Ги сослушавме вашите предлози и желби и го избравме името на миленичето на Биби. Биби и Боби утре ќе ви го соопштат со видеопорака на јутјуб-каналот Биби/Bibi.



912

X