Игротека

Како ќе се вика новото кралско бебе, синот на Хари и Меган?

По веста дека војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган добија син, граѓаните на Велика Британија се прашуваат и обложуваат како ќе се вика новороденчето.

Претпоставките се дека може да се вика Александар и Оливер, но сепак, во моментов многу се зборува и за Артур и Филип.

Во кралската лоза, името Артур се појавуваше неколку пати, а во негово име го има и малиот син на принцот Вилијам, принцот Луис. Алберт е најпопуларно име во кралското семејство, но Британците нагаѓаат дека може да бидат избрани и имињата Џејмс, и Алфред.

Фото: Инстаграм

Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера соопштија дека се уште не донеле одлука за името кое ќе му го дадат на нивниот прв син, но дека имаат неколку имиња во опцијата.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top