Игротека

Како изградив прекрасен однос со мојата мајка?

Љубовта ги победи недоразбирањата и конфликтите

Односот меѓу мајката и детето е столб на психолошката стабилност на личноста, но само ако личноста успее да ги излекува и трансформира неизбежните недоразбирања и конфликти.

На физичко ниво, мајката е онаа што го носи идниот живот во своето тело, таму каде што физичкото тело на детето се формира и расте. Таа е онаа што го штити, храни и сака додека детето не е подготвено да излезе на светлина и да се соочи со околината. Но, и во овој момент и во текот на наредните неколку години тоа има потреба за мајката, за нејзината заштита и поддршка, за љубовта и исхраната.

Извор на духовна и емоционална храна

Во текот на првите седум години детето ги дели со мајката и нејзините емоции, го чувствува тоа што таа го чувствува и се поистоветува со нејзините емоции. А потоа полека, од седмата година натаму, станува подготвено за поголема интеракција со таткото и надворешниот свет. Но, иако на физичко ниво детето има сè помала потреба за заштита, улогата на мајката никогаш не престанува. Таа е извор на духовна и емоционална храна, таа е онаа што дава љубов, пример на женска енергија. На духовно ниво мајката е одговорна за интеракцијата на женската енергија со машката и правилен развој на магнетен поларитет.

Душата не случајно ги избрала баш тие родители…

Во текот на растот и развојот секој од нас неминовно доаѓа до конфликт и недоразбирање со мајката. Тоа се случува бидејќи луѓето забораваат на својата духовна природа и на тоа дека душата ги избрала баш тие родители за да може да се развива, да сака и да учи. Дефинитивно разрешувањето на конфликтите со мајката може да се случи само при духовно самоосознавање и поврзување. Како? Обвинувањето на постапките на мајката, недоразбирањето и несфаќањето се опасни дејства на егото. Егото не познава љубов и не гледа добра намера во однесувањето, особено ако однесувањето на мајката е во контраст со очекувањето на децата.

Мојот однос со мајка ми денес

Чувствувам љубов, поврзаност, длабока благодарност за нејзиното постоење во мојот живот. Чувствувам целосно разбирање за тоа која е таа како личност и се восхитувам на нејзините квалитети. Убаво ми е да поминувам време со неа и да учам од неа и од нејзините искуства.

Дали секогаш беше така? Не!

Имавме конфликтни периоди и периоди на недоразбирање. Не бев свесна дека потсвесно ја обвинувам и ѝ ја префрлав одговорноста поради моето незадоволство. И тоа траеше сè додека не почнав да работам на себе и малку по малку да ја откривам вистината. А вистината се состои во тоа што изворот на нашите недоразбирања беше мојата погрешна интерпретација на нејзините постапки. Моето его не беше во состојба да ја чувствува и гледа љубовта што секогаш беше тука, комплетна и безусловна.

Кога почнав да гледам на нашиот однос со душата, а не со егото, сè се промени. Прифаќајќи ја неа, се прифатив и себеси. Ги прифатив моите длабоки корени и со самото тоа дозволив љубовта повторно да тече, од неа до мене и обратно. А кога ќе се случи тоа, се чувствува магична енергија на љубов што е во состојба да го промени погледот на сè, на себе, на животот и на другите.

Со љубов,

Ана Надежиќ

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top