Игротека

Видео: Како изгледа животот со три мали деца

Лора Греам од САД прикажува што значи да се биде мајка на три мали деца, сите помлади од четири години. Во кратко видео објавено на нејзиниот инстаграм-профил, таа го долови моментот во нејзиниот дом што го опишува како хаос.

– Штотуку завршив со доење на нашата едномесечна ќеркичка, а во меѓувреме нашите два сина, на возраст од четири и две години, скокаа по мене – раскажува таа.

Во видеото, најстариот син Лијам дува во свирче, а Лора му покажува палец нагоре на сопругот, велејќи му: „Сè е во ред“.

Таа објаснува дека тие сакале уште едно дете, но Лук сакал да почекаат уште некоја година.

– Јас, од друга страна, уште од порано бев подготвена. Отсекогаш ми се допаѓала идејата децата да бидат на блиска возраст. Сега е тешко, но размислував долгорочно и си замислував колку ќе им биде посебен односот додека растат заедно – вели таа.

Семејството неодамна стана петчлено, а Лора и Лук се надеваат дека со текот на времето ќе им биде полесно.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top