Шведските научници внимателно набљудувале 28 бебиња за да видат низ какви промени поминуваат на самиот почеток од нивниот живот.
Ова истражување, објавено во списанието „Акта педијатрика“, покажало како се однесуваат бебињата инстинктивно, кога се препуштени на првите слободни движења на своето тело и на првиот контакт со својата мајка.

Раѓање: Бебето плаче гласно, разбудувајќи ги на тој начин своите бели дробови.
2. минута: Бебето се потсмирува, се одмара, доколку е возможно, на градите на својата мајка.
2,5 минути: Бебето првпат ги отвора очите и постепено почнува да ги движи главата и устата.

8. минута: Бебето почнува да станува поактивно – подолго ги држи очите отворени. Ги набљудува очите и градите на својата мајка, покажува дека е гладно со плачење и со насочување на своите раце кон усните.
18. минута: Бебето се одмара по овие движења.
36. минута: Бебето почнува да го употребува своето сетило за мирис, уште се интересира за градите на својата мајка.
62. минута: Време е за првото доење! Бебето го пие колострумот – првото мајчино млеко кое содржи многу хранливи материи што го зајакнуваат имунитетот. Ова рано цицање го стимулира производството на млеко и ѝ помага на матката што побргу да се врати во својата првобитна состојба.
70. минута: Бебето заспива и добива заслужен одмор.



912

X