Џордан Пејџ е една од ретките мајки-блогерки што имаат шест деца. И покрај обврските околу семејството, како и времето и грижата што им се потребни на нејзините деца, оваа мајка успева да пронајде време и за водење интересен блог, за друштвени мрежи и подучување.

Имено, своите следбеници ги учи како да штедат, да го планираат буџетот, кажува и трикови за функционално домаќинство, а своите вештини ги преточила во успешен бизнис – брендот „Fun, Cheap or Free“.

 

Нејзините видеа на „Јутјуб“ се прегледани неверојатни 22,6 милиони пати, па не чуди што со своето најново видео предизвика вистинско одушевување кај следбениците.
Имено, открила како изгледа утрото кога имаш 6 деца.

Од вечер ја подготвува облеката што ќе ја носи за да може утрото првин таа да биде средена. По будењето и подготвувањето, оди да ги разбуди децата, кои сè уште спијат.
Исто така, еден од триковите што ги користи е претходно приготвување на појадокот. Освен тоа, поголемите деца сами си прават појадок.

Но, тоа не е сè. Оваа досетлива мајка си поставува аларми за да успее да се држи до сите планови и за да не прескокне некој од важните чекори во утринското спремање.
Откако поголемите ќе заминат во школо, Џордан, со помош на помалите, го расчистува нередот што останал по појадокот.

Она што многу ги воодушеви сите е дека оваа мајка, покрај сите обврски, стигнува и да се нашминка и да направи фризура, па некои обожаватели ја нарекоа „мајка на годината“.



912

X