Ова семејство од четири члена живее во оваа неверојатна и функционална малечка куќа на тркала, а на тој начин на живот се одлучиле бидејќи сакале да го намалат просторот на користење и да креираат едноставен живот за себе и за своите деца.
Нивниот малечок дом има тоалет, кревет на преклопување, многу прозорци и прекрасен надворешен простор. Куќата е долга околу 4 метри. На почетокот било само макета, создадена од компанијата „Ривајлд хоумс“, па семејството креирало проект за довршување на куќата и во внатрешноста, што навистина претставувало голема авантура. Сега нивниот дом е комплетен и се горди што може да му го претстават на светот.
фото извор: „Пинтерест“
фото: „Пинтерест“