Често се зборува на тема дека вклучувањето на децата во кујната може да доведе до подобри и поздрави навики во врска со исхраната. Ако сте родител кој не ужива да поминува време во кујната, вклучувањето на децата може да биде вистински предизвик. Но, ако сте подготвени да го примените тоа, тогаш подобро е да го сторите што поскоро.

Кои се придобивките од вклучувањето на детето во кујната?

„Децата од сите возрасти гледаат, гледаат и гледаат да видат што нивните родители прават и кажуваат, па моделирањето соодветно однесување уште од рана возраст е клучно“, вели Лорен Маат, основач на веб-страницата „audwell“.

„Помалите деца може да помогнат со држење на лажиците, на пример, да имаат чувство дека се вклучени, а постарите деца може да бидат вклучени во мешањето или додавањето на намирниците и состојките. Колку повеќе ќе бидат вклучени во кујната, толку повеќе ќе се одлучуваат да готват во иднина. Вежбањето на малите движења со рацете, како сечење, истурање, мешање, односно активирањето на прстите е одлично за развивање на моторичките вештини.

Вклучувањето може да подразбира сè – од само присуство во истата соба до станување главен готвач

„Дајте им на децата избор во однос на тоа што би сакале да се готви – црвени или жолти пиперки денес? Помогнете им да чувствуваат дека нивните мислења се важни и дека ги следите нивните препораки. Започнете со храна која тие ја сакаат и така креирајте основа“. Маат исто така, посочува активностите да ги преточите во игра. На пример, откако ќе го измиете грашокот, можете да го редите според големина. Може и да се зборува за чекорите што ги преземате. Ова е одличен начин за децата да научат нови вештини, а и да ја развиваат комуникацијата.

Не заборавајте на вештините за користење на ножот!

Децата почнуваат да ги развиваат овие вештини уште од 18 месеци, се разбира, со надзор од возрасно лице. Маат препорачува да се следат следните препораки за индивидуални продукти:

-Игри со храна и сет ножеви – Деца на возраст над 18 месеци може да се преправаат дека сечат дрвени играчки во форма на храна со тап дрвен нож-играчка;
-Дрвен нож за сечкање – деца на возраст над 2 години може да користат дрвен нож за сечкање за да сечат храна, како банани, авокадо, домати или лубеница, откако возрасен ќе им помогне да започнат со сечењето
-Детски сет на ножеви – деца на возраст над 4 години може да сечат и храна како краставица, пиперки или јагоди. Некогаш е од помош возрасен да направи мали засеци во краставицата и детето да продолжи по тие насоки да сече со малиот нож.

Лесни семејни кујнски активности

„Складирањето на намирниците е одлична семејна кујнска активност. Можете да им дадете на децата и празен сад за да се преправаат дека мешаат. Нека играат и со нивните дрвени кујнски играчки, па да сечат и тие додека вие сечете. Подготвувајте ги зеленчукот и овошјето со нив – мијте ги, складирајте ги во сад или во фрижидер. Откако ќе ги исечете намирниците, оставете ги децата да ги стават во садот. Одличен начин за безбедно учење, но и забавување“, заклучува Маат.

Автор: Шерон Феирајзен

Извор



912

X