Начинот на образование на Балканот е различен од европскиот. Сакаме да кажеме дека сме блиски едни со други, а тие се студени, но дали германскиот стил на родителство е поефикасен од нашиот?

Сара Заске е американска писателка и мајка која напиша книга на оваа тема. Како Германците ги воспитуваат своите деца и како се разликува нивниот стил?

Германците во суштина го негуваат чувството на одговорност кај своите деца уште од мали нозе. И додека нашите родители сакаат претерано да ги штитат своите деца, Германците не се согласуваат со тоа.

– Кога и да коментирав дека никогаш не можам тукутака да го пуштам детето, мајка ми во Германија ми велеше: „Знам, и јас го мразам ова. Навистина мразам да го правам ова, но тој мора да научи како да се вози во метро, ​​како да се движи низ соседството и слично. Едноставно мора“ – вели авторката.

Заске вели дека сѐ е приспособено на возраста на детето. Еве што сметаат Германците дека е соодветно за возраста на детето.

Ги пуштаат петгодишните деца да користат кибрит

Заске вели дека овој факт целосно ја шокирал. Децата што одат во градинка се слободни да запалат оган надвор со инструкции на пожарникари и во присуство на осигурителни компании.

– Кога го видов моето дете како користи кибрит, сфатив дека тоа навистина не е толку тешко – признава авторката.

Во оваа ситуација, многу мајки на друго место веќе би предвиделе изгореници на прстите, запалена коса или веѓи и кибрит што може да падне на тепихот и да го запали целиот стан

Ги поттикнуваат децата што поскоро да одат на училиште со велосипед

Уште на девет години децата во големите градови возат велосипед до училиште.

Авторката била многу скептична да ѝ дозволи на нејзината ќерка Софија сама да оди до училиште, а во тоа време другарката на Софија секое утро поминувала низ огромни раскрсници и одела со велосипед до училиште.

Заске објаснува: – Ако не му дозволите на вашето дете да вози до училиште, вие нешто му негирате. Му го одземате личното задоволство. Гледам дека моите деца се исклучително горди на себе секогаш кога сами ќе извршат нова задача. Ова е многу важно кога станува збор за самодовербата. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашето дете е да го научите на нешто, а потоа да му дозволите да го направи тоа само.

Не се плашат да земат слатки од непознати

Кога авторката била во метро во Германија со нејзината ќерка Софија, која тогаш имала две и пол години, непозната жена ѝ понудила слатки. Заске се обидела да ја „анализира“ бонбоната што е можно подискретно, а Софија веднаш ја изела. Родителите во Германија ги учат своите деца никогаш да не одат дома со непознат човек, но многу помалку се плашат од слатките што им ги нуди непознат.

Порано разговараат за репродукција

Заске вели дека е нормално децата во Германија од седумгодишна возраст да учат од каде доаѓаат бебињата. Иако сето тоа не е премногу детално за детето да не се чувствува преоптоварено со информации.

Некои родители од овие краишта го одложуваат овој разговор онолку долго колку што можат, а многу деца едноставно сами дознаваат.

Децата користат вистински ножеви уште од мали нозе

Малите деца во Германија го сечат овошјето со вистински ножеви уште на четири години, секако со надзор.

– Вклучувањето на детето во готвењето и давањето обврски е одличен начин да го запознаете со работата – вели Заске.

Извор



912

X