Процесот на станување мајка може да биде навистина тежок и изолирачки и тоа во најдобрите околности – а сегашното време не е време на најдобри околности. Тоа значи дека жените што очекуваат бебе и новите мајки сега се соочуваат со уникатни предизвици. Се прашуваат дали е безбедно да го одведат своето дете во парк, па се грижат што прават децата на социјалните мрежи – сето тоа доведува до драстично различно искуство за денешните мајки во споредба со оние од пред неколку генерации.

Ема Роузблум, уредник, реализирала тркалезна маса на тема „Мајчинство различно од она на мајка ти: Реална и искрена дебата за тоа што значи да се биде мајка денес“ – дебатата се одвивала онлајн со три идни мајки кои изнаоѓаат начини за справување со ова тешко време: Шен Будрам, сексолог, автор, Даниела Моне, актерка, и јога-инструкторката Ешли Дарби.

Како и секој разговор што се одвивал со вашите пријателки мајки откако почна пандемијата, нивниот разговор се базирал на сето она што е поврзано со сексуалните односи, постанаталната депресија и чувството да се биде осудуван од другите мајки.

„Имам чувство дека секој, без разлика од која причина, дали се работи за некој што поддржува вакцини, маски или не, секој мисли дека сфатил сè за ситуацијата и може да држи лекција во тој поглед. Да се биде бремена жена во време на пандемија значи дополнителна контрола над нештата – вели Дарби.

– Морав да се вратам на работа на снимање откако поминаа само 2 месеца од породувањето, а дополнителна тегоба ми беше емоционалниот хаос низ кој поминував, па одеднаш морав да се шминкам, да се пресоблекувам по 9 пати… тоа ми беше некако чудно, за малку ќе се откажев од работата бидејќи едноставно не се чувствував како своја. Не беше толку важно какво ми е телото, туку фактот што не се чувствував добро во врска со тоа која сум – вели Моне.

Моне искусила постанатална анксиозност, но не сфатила веднаш дека ја има.

– Не препознав дека имам форма на постанална депресија и анксиозност. Се борев со анксиозност која пред да станам мајка ја немав. Нејзиниот син Џио е роден минатиот септември, а од неговото раѓање до почетокот на пандемијата Моне имала чувство дека држи чекор со мајчинството, но кога почнала пандемијата, имала чувство на постанатална анксиозност која не ја прифатила целосно и навистина ѝ е многу тешко да зборува за тоа искуство.

Автор: Жаклин Бурт Коут

Извор



912

X