Иако се чини дека треба да биде нешто природно, создавањето мирен дом може да биде многу покомплексно отколку што луѓето мислат. Без да знаат за емоционалната интелигенција уште од мали нозе, многу родители се мачат да се поврзат со своите деца или да останат смирени во тешки околности.

Секој родител сака да создаде мирен дом за своето семејство, но понекогаш тоа не е толку лесно како што изгледа. Овие едноставни начини ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел, создавајќи здрави и позитивни услови за живот за сите членови на семејството.

Јадат заедно

Ништо не зближува повеќе од споделување оброк. Истражувањата покажуваат дека семејствата што јадат заедно имаат подобро психолошко здравје и посилни врски. Дури и ако е само неколку пати неделно, овој едноставен чин создава топла и мирна домашна атмосфера.

Создаваат посебни семејни традиции

Семејните традиции, без оглед дали се работи за „Таен Дедо Мраз“ или за заедничко приготвување храна, се основа врз која се гради врската меѓу членовите на семејството. Тие создаваат спомени кои остануваат за цел живот и го збогатуваат семејниот живот.

Отворена комуникација

Комуникацијата со децата не е секогаш лесна, но е клучна. Родителите кои практикуваат емпатија и разбирање во своите разговори создаваат мирна и поддржувачка атмосфера. Понекогаш едноставни изјави како „Сигурно ти било многу тешко“ можат да направат голема разлика.

Според едно истражување од 2020 година, семејната комуникација е важен фактор и за психолошкото здравје и за целокупната благосостојба. И покрај овие факти, родителите не знаат како да комуницираат со своите деца.

Секојдневни рутини

Рутините помагаат во создавањето стабилност и ред. Истражување објавено во „Журнал оф фемили сајколоџи“ покажува дека децата со постојани и предвидливи рутини обично се поздрави и имаат подобро однесување. Создавањето рутина која одговара на сите членови на семејството е важен чекор за мирен дом.

Секако, создавањето конзистентна рутина не е лесно. На крајот на краиштата, секое дете и возрасен се различни, а рутината што функционира за едно семејство нема секогаш да функционира за друго. Фокусирајте се на создавање рутина што ќе функционира исклучиво за вас како семејство.

Содржината за возрасни ја држат подалеку од нивните деца

Иако не можете целосно да ги заштитите од светот, важно е да го контролирате она што го гледаат и го слушаат. Поставете јасни граници кога станува збор за медиумска содржина. Без оглед на тоа дека е многу тешко и дека насекаде сме опкружени со секаков вид вести и информации, добрите родители ќе дадат сѐ од себе за да ги заштитат своите деца од содржини за кои не се сосема подготвени.

Заедно прават релаксирачки активности

Без разлика дали медитирате или боите и цртате, заедничките активности што опуштаат се одличен начин за изградба на врски. Овие моменти помагаат во создавањето мирна атмосфера, што е клучно за семејниот живот.

Секако, поминувањето време со децата е вистински предизвик за зафатените родители, но само затоа што вашето време е ограничено, не значи дека не можете да одвоите време за едноставни активности. Не мора да го посветите цел ден, доволни се 15 или 30 минути.

Го надгледуваат времето поминато пред екранот

Со сè повеќе време поминато пред екраните, контролата на времето на екранот станува важна. Поставете правила и поттикнете ги децата да бидат активни и да поминуваат време заедно со семејството, а не само со технологијата.

Истражување спроведено во 2019 година покажа дека премногу време на екранот може да им наштети на меморијата, учењето и менталното здравје на луѓето.

Ефективно ги решаваат конфликтите

Конфликтите се неизбежни, но начините на нивно решавање се тие што ја дефинираат атмосферата во домот. Родителите кои знаат како да ги решаваат проблемите без да се создаде дополнителен стрес, создаваат мирно и стабилно семејство.

Ако родителите знаат кои теми ќе предизвикаат конфликт, тогаш за нив е полесно да го спроведат решавањето на конфликтот.

Во овој случај, поставувањето дневни распореди, компромиси, трошењето одредено време заедно и што е најважно, извршувањето на заедничките задолженија, исто така може да се користат за да се помогне во спроведувањето ефективно решавање на конфликти кога ќе се појават заеднички проблеми.

Извор



912

X