Австралискиот креатор на документарни филмови Тод Сампсон на социјалните мрежи сподели каква честитка доби тој од своите деца за Денот на таткото, а каква честита доби неговата сопруга за Денот на мајката.

Без многу објаснување, тој покажа дека разликата во цртежите и во желбите е огромна.

Освен што честитката за мајката е физички поголема, има повеќе слики, украси и убави зборови, за разлика од неговата честитка на која има едно насмеано лице и натпис „Денот на таткото“.

За брзо време фотографијата стана вирална, па го контактирале многу други татковци кои му рекле дека не добиле ни насмеано лице, туку празно парче хартија на кое пишувало: „Тато“.

Тод истакна дека децата поинаку ги гледаат своите мајки, односно дека имаат посебен однос со нив во кој се вклучени повеќе убави зборови. Некои луѓе во коментарите пишуваат дека децата на честитката го цртаат она што мислат дека родителот би го сакал повеќе.

– Општеството секогаш ги прикажува мајките како оние што сакаат цвеќиња, срца и многу љубов. Татковците се поструктурирани, претпочитаат „спортски“ работи, па децата мислат дека не сакаат вакви украси – објаснува еден родител на социјалните мрежи.

Извор



912

X