Воспитување

Децата може да ве послушаат без негодување – мајка открила магичен трик

Колку пати сте посакале вашето дете да прави сѐ што ќе кажете без да викате, да се расправате и да го казнувате?

Мајката Шерон Џонсон успеала да најде генијален начин да го постигне токму тоа – кога сфатила колку бил успешен методот, побрзала да го сподели со другите родители.

„Јас сум мајка на шест деца и штотуку открив една генијална работа. Го нарекувам -магичен метод. Зошто? Затоа што ги убедив моите деца дека тоа е магично“, рекла Шерон.

Таа преку пример објаснила сè детално.

– Секогаш кога моето дете не сака да направи нешто, велам: „Еј, девојче, дали си магична?“ Потоа ги затворам очите, бројам до пет и ги кажувам волшебните зборови. „Додека ги кажувам, ти магично ќе ги облечеш твоите пижами“.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Откако ги изговара волшебните зборови „хокус покус“ ​​и брои до пет, Шерон чека нејзиното девојче да го направи токму она што таа го побарала од неа и се преправа дека е многу изненадена што толку „магично и толку брзо ги облекла пижамите“.

Шерон истакнува дека дури и постарите синови се воодушевени од оваа „волшебна игра“, па често учествуваат во неа.

„Можеби звучи нереално, но ако барате нешто од децата преку игра, без да викате или да се карате, ќе видите колку брзо прифаќаат да направат сè што ќе побарате без прашање“, рекла Шерон.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top