Можеби имате дете кое, како детето од оваа приказна, прави проблеми со домашните задачи, можеби поради недостиг на самодоверба. Или можеби вашето дете е свесно и се труди да го даде максимумот и да напредува, па троши многу време на домашните задачи. Можеби имате дете кое мисли дека домашната задача треба да се заврши што е можно побрзо и затоа секогаш прави грешки.

Добрите навики за пишување домашни задачи се важни. Ако им дозволиме на децата да не пишуваат домашни задачи или да ги прават без волја, нема да имаат корист од тоа, нема да се гордеат со себе и нема да го научат она што можат да го научат од секоја задача или активност.

Од друга страна, кога ги учиме децата да се посветат на она што го работат и да го дадат својот максимум, кога ќе ги навикнеме на тоа, тие чувствуваат дека се поуспешни, нивната самодоверба расте, имаат поголема мотивација, стануваат понезависни, поспремни се за соработка и даваат помал отпор. Затоа, за наше, но и за нивно добро, мора да им помогнеме да научат како да учат.

Одредете време за домашната задача за секој ден (освен недела).

Создајте навика кај вашето дете да седне и да пишува барем дел од домашната задача секој ден, освен недела, дури и ако нема домашно за наредниот ден. Еден слободен ден во неделата му овозможува на детето да не размислува за училишните обврски.

Можеби ви изгледа чудно детето да пишува домашна задача иако нема, но постои добра причина за тоа. Два или повеќе дена по ред без домашна задача може да му го отежне повторното воспоставување на рутината кога ќе дојде понеделник.

Детето треба да ја напише домашната задача кога е одморено

Кога го планирате времето за домашна работа, направете го доволно рано за детето да ја заврши додека е сè уште одморено; во спротивно, ќе има проблеми и со однесувањето и со резултатите. Повеќето деца треба да се релаксираат по училиште и нешто да каснат пред да седнат да си ја завршат домашната задача. Здравата ужина и активниот одмор ќе им помогнат на децата да се релаксираат и освежат. Седењето пред екранот нема да ги освежи или мотивира – напротив, ќе им ја убие волјата.

Домашната задача пред играта

Еден од најдобрите начини да им се помогне на децата сериозно да ги сфатат домашните задачи е да се заклучи дека домашната задача и повторувањето на материјалот мора да се направат правилно за да се добие дозвола за слободни активности, како што се:

  • Телевизија, компјутер, видеоигри итн.;
  • Јавување или испраќање пораки на пријатели;
  • Одење надвор;
  • Слушање музика итн.

Ова правило ги учи децата дека наградите и привилегиите мора прво да се заработат, а не да се очекуваат веднаш.

Прво треба да се заврши најтешката работа

Погрижете се детето да го сработи најтешкиот дел од работата додека неговиот мозок е целосно одморен. Учењето така ќе се одвива на најдобар можен начин бидејќи нема да има притисок кој лошо ќе влијае врз расположението.

Отстранете го сето она што може да му го одвлече вниманието на детето

На децата ќе им биде многу полесно да седнат и да се фокусираат на домашната работа ако во тоа време нема ништо во куќата што би им го одвлекло вниманието. Внимавајте електронските уреди што детето може да ги слушне да не се вклучени; отстранете ги сите играчки, мобилни телефони и непотребни работи од масата каде што седи детето; Однесете ги миленичињата во друга просторија; Ако имате мало дете кое не може да биде оставено само во друга соба, дајте му нешто да прави што целосно ќе го окупира неговото внимание за да не го прекинува постарото дете додека ги пишува домашните задачи.

Планирајте го вашиот ден реално

Домашната задача, како важен предуслов за успех на училиште, треба да биде апсолутно јасен приоритет на кој се посветува одредено време во текот на шест дена во неделата. Направете план и ставете го на видно место во куќата за секој да може да го гледа. Ова во голема мера ќе ја намали конфузијата и отпорот.

Домашната задача не мора да биде битка. Можете да го промените однесувањето на вашето дете со примена на опишаните правила и рутини поврзани со домашните задачи кои се покажале успешни во многу семејства.

Извор



912

X