Пукањето на воденикот е првиот знак дека почнува породувањето. Сепак, многу работи можат да ве наведат да помислите дека ви пукнал воденикот. Затоа, издвојуваме неколку факти за тоа како да препознаете кога е навистина време да се оди во болница.

Во деветтиот месец од бременоста, кога се ближи терминот за породување, сосема е оправдано ако не сте сигурни дали и кога е време да одите во болница. Особено кога ќе научите дека воденикот не пука толку драматично како во филмовите.

За подобро да се подготвите и да бидете безбедни, еве како да препознаете дали пукнал воденикот или не.

1. Не можете да добиете информации преку телефон

Исплашените идни мајки често во паника се јавуваат во болница затоа што не се сигурни дали навистина им пукнал воденикот. Секој лекар би сакал да може да види и да знае што се случило, па тоа не е можно преку телефон. Ако сте навистина во паника и ви е страв дека ви пукнал, најдобро би било да одите во болница или, пак, да му се јавите на вашиот доктор за да ви каже што да правите.

2. Обидете се да станете

Еден од триковите што ќе ви помогне е да станете. Ако течноста почне да тече повеќе во стоечка положба, голема е веројатноста дека пукнал. Кога стоите, создавате дополнителен притисок.

3. Можеби е слуз

Дури 50 отсто од случаите на испаничени бремени жени што се јавуваат се поради слуз. Како што се приближува породувањето, слузот на матката омекнува, ослободувајќи мала количина. Ако течноста е побела и погуста, најверојатно станува збор само за слуз.

4. Амнионската течност е безбојна

За да препознаете дали пукнал воденикот, треба да знаете како изгледа амнионската течност. Таа нема мирис, безбојна е и чиста.

5. Воденикот може да пукне нагло или полека да пушта течност

Многу жени очекуваат да им пукне воденикот како на сцените од филмовите, каде што амнионската течност веднаш тече. Додека во некои случаи тоа е така, во повеќето воденикот тече посуптилно и послабо.

6. Породувањето почнува во истиот момент кога ќе пукне воденикот

Кога ќе пукне воденикот, почнува породувањето.

7. Постои можност воденикот да се затвори по истекувањето

Ретко е, но се случува. Додека одите на болница, може да заздрави.

8. Кај некои жени воденикот воопшто не пука

Понекогаш може да се случи воденикот да не пукне до породувањето, па дури и до моментот кога треба да излезе бебето.

Извор



912

X