Кога го подготвувате вашето бебе за првата зима и студеното време, најважно е да се осигурите да му биде доволно топло. Сепак, постојат правилни и погрешни начини за тоа, истакнуваат експертите за родителство.
„Ние не проценуваме колку е му е топло или ладно на бебето со проверката дали рацете или нозете му се ладни. Наместо тоа, треба да ги ставите прстите под вратот на бебето“, вели експертот за родителство д-р Ивон Густафсон.
Ако вратот на бебето е топол и влажен, тоа значи дека на бебето му е премногу жешко. Во спротивно, доколку е ладен, потребно е дополнително да се загрее.
Според советите на експертите, потребно е да го облечете бебето во еден слој повеќе отколку што самите се облекувате. Многу родители често грешат со тоа што премногу го загреваат детето. Некои од предупредувачките знаци може да бидат ладни или црвени раце кај бебето, вклучувајќи и треперење, бледи или црвени стапала и сини усни.
Поставувањето дополнително ќебе над седиштето за автомобил не е лоша идеја сè додека не го загрозува протокот на воздух, вели Густафсон. Исто така, се препорачува да се изолира количката за да се намали протокот на студ кај бебето. Тоа можете да го направите така што ќе ставите парче стиропор под бебето.

Кожата на бебињата е склона кон пукање и сушење во зимските месеци, па затоа се препорачува редовно нанесување на лосион или хидратантни кремови.
Не треба да се избегнува излегување на ладен воздух со бебето. Дури и кога бебето има настинка, студениот воздух може да помогне да се намали отокот на мукозните мембрани. Сепак, важно е да се внимава облеката на бебето да биде приспособена на временските услови, бидејќи бебињата не можат да ја одржуваат својата температура како возрасните.