Родителите се секогаш љубопитни за тоа што мислат нивните деца за нив, особено тоа им е важно на родителите кои учат од своите грешки. Иако родителството не е вештина со која се раѓаме, сепак, е најважната вештина што некогаш во животот ќе ја научиме. Родителството може да биде и субјективно, што значи дека родителот ги гледа и ги перципира нештата преку сопствените мисли, чувства и искуства.

За да дознаете што мисли детето за вас како родител, можете да направите еден спонтан и опуштен разговор во времето кое го поминувате сами со своето дете. Воедно, тоа може да го направите и додека се забавувате и разговорот може да го проследите со неколку прашања што би му ги поставиле, на пример:

Кажи ми од каде знаеш дека некој е добар родител

  • Што прави добриот родител?
  • Што прави најдобриот родител на светот?
  • Што мислиш, кој би можел да биде најдобар родител на светот, познаваш некој таков?

Во однос на тоа какви одговори ќе добиете на овие прашања, доколку е потребно, продолжувате понатаму:

  • Што прави добра мајка?
  • Што прави добар татко?
  • Каков е тој родител што не е добар?
  • Како изгледа лут или уморен родител?

Одговорите на овие прашања можат да ви дадат слика за тоа како ве гледаат децата и како го разбираат вашето однесување. Запишете ги одговорите. Во однос на ова можете и да го коригирате однесувањето кај детето што не ви се допаѓа бидејќи, запомнете, децата се најдобри имитатори на возрасните.



912

X