Често се случува да треба да одиме на патување или да се преселиме, или да одиме во посета на родителите кога имаме малечко бебе. Со тоа малку ги нарушуваме навиките на бебето и како проблем може да се јави заспивањето на детето во новата средина. Многу фактори може да влијаат врз тоа како ќе реагира детето:

– Прво, како се справува со промените и интеракциите генерално е добар показател за тоа како бебето би се справило со новиот простор наменет за спиење. Некои бебиња брзо се навикнуваат, па веќе од втората ноќ во друга средина се враќаат на првобитната рутина и заспиваат лесно. Сепак, ако бебето е чувствително, можно е да има тешкотии со заспивањето.

– Возраста на бебето исто така прави разлика во однос на неговото приспособување. Новороденчињата што имаат околу шест недели често добро се справуваат со промената сè додека се присутни рутините за хранење кои веќе се воспоставени и додека новите луѓе во новиот простор не се обидуваат премногу да ги задоволат нивните потреби. Како што расте бебето, може да има тешкотија во справувањето со промените.

За да му го олесните заспивањето на бебето во нова средина, следете ги овие совети:

– Однесете ги омилените играчки на бебето во новата средина и просторот за спиење нека биде сличен како претходниот.
– Поставете го креветчето на слично место во собата каде што бебето спиело и претходно, на пример, до ѕид или подалеку од врата (како бебето да се наоѓа дома).
– Бидете сигурни дека ќе можете да го намалите светлото во собата, па дури тоа и да значи дека ќе треба да поставите нешто на прозорците за да ја затемните просторијата (и за време на дневните дремки).

– Понесете го и вашето „специјално“ ќебенце. Мирисот ќе му биде познат на бебето и ќе може полесно да заспие.
– Чувствителните бебиња подобро спијат во сопствени соби кога родителите не се тука и не ги попречуваат во сонот со нивното станување во текот на ноќта. Ако е можно, детето нека има своја просторија, во спротивно, поставете го креветчето во тивкото ќоше од заедничката соба.

– Рутината за заспивање нека биде идентична како и дома. Дури и ако сте отсутни од домот поради празници, кои се возбудлив период, сепак, обидете се да се држите до рутината за заспивање, за бебето да биде смирено и да не му се нарушува сонот. Практикувајте и низа смирувачки активности по 16 часот попладне, како тивки прошетки во количка.

– Ако се буди во текот на ноќта и плаче по вас, почекајте малку да видите дали ќе се смири самото, а потоа утешете го преку тивко зборување и допрете го неговото раче.

Автор: Мег Фаур



912

X