Ако вашето дете не сака да јаде и има постојани тегоби во стомакот, дали може да станува збор за реакција на одредена храна? Откријте што треба да знаете за симптомите на целијачна болест и нетолеранција на глутен, дијагнозата и што можете да направите.

Интолеранцијата на храната е една од последните работи што сакате вашето бебе да ги има, но откривањето на неговата состојба е добра работа. Ако се управува на вистински начин, со правилна исхрана и информации, целијачната болест не мора да влијае врз квалитетот на животот или развојот на вашето дете.

Што е целијачна болест?

Често се мисли дека оваа болест е алергија на храната, но станува збор за долготрајна и честа состојба.

– Имунолошкиот систем на телото се напаѓа себеси кога се внесува глутен. Ова предизвикува оштетување на деликатната обвивка на цревата на вашето дете и значи дека телото не може правилно да апсорбира хранливи материи од храната. Може да се развие на која било возраст откако ќе се консумира храна што содржи глутен – вели Никола Крафорд-Тејлор, дијатетичар од Обединетото Кралство.

Состојбата може да ја имал некој во семејството – но не на предвидлив начин.

– Околу една од 10 блиски роднини на луѓето со целијачна болест е изложена на ризик да ја развие – вели Никола.

Кои се симптомите?

Ако вашето дете ја има оваа болест, тоа веројатно ќе покаже симптоми во рок од неколку часа. Може да забележите поголема раздразливост и плачење, што може да биде доста слично како колики, кои обично ги имаат бебињата.

– Класичните симптоми на целијачна болест кај децата вклучуваат дијареја, надуеност и замор. Други знаци се и застој во растот и неуспех за напредување – вели Никола.

Исто така, треба да внимавате на губењето на апетитот на вашето дете. Ако е чувствително на глутен, тогаш може да го поврзува јадењето со болка.

Ако симптомите не се толку тешки, но се присутни, вашето дете може да има нецелијална чувствителност на глутен.

– Симптомите може да се слични на оние што ги доживеале многу луѓе со целијачна болест. Но, не е јасно како е вклучен имунолошкиот систем и се чини дека не е типично оштетување на обвивката на цревата – вели Никола.

Како се дијагностицира?

Ако вие и вашиот педијатар се сомневате на целијачна болест, тогаш вашето дете ќе биде упатено на специјалист кој ќе направи тест.

– Првиот чекор е да разговарате за симптомите на вашето дете со неговиот лекар, кој потоа ќе направи тест преку земање крв за да провери за антитела. Кај лица со целијачна болест се создаваат антитела од страна на телото како одговор на јадењето глутен. Затоа е неопходно вашето дете да јаде глутен за време на тестирањето – вели Никола.

Ако тестот е позитивен за антитела, лекарот ќе предложи понатамошно тестирање и веројатно ќе го упати кај педијатриски гастроентеролог.

Која храна треба да се избегнува?

И вашето дете ќе биде упатено на нутриционист за исхрана без глутен. Оваа промена во исхраната може да изгледа огромна бидејќи глутен има во многу прехранбени производи како леб, колачи, житарки и тестенини.

Потребно е да ја читате секоја етикета на храната многу внимателно бидејќи глутенот е скриен во цел спектар на храна, а ако планирате да јадете во ресторан, секогаш проверете кое јадење може да го приготви ресторанот. Постојат голем број замени и алтернативи, вклучувајќи и тестенини, торти и житарки без глутен.

Извор



912

X