Дански психотерапевт споделува девет совети за родителство на дански начин за да им помогне на родителите да ги скротат тинејџерите.

Ибен Сандал од Копенхаген е водечки терапевт за одгледување среќни тинејџери и вели дека конфликтот не мора да создава дистанца.

Ибен, мајка на две деца, смета дека родителите мора да ги преиспитаат традиционалните и прифатени методи на казнување. И додава дека присилувањето на тинејџерот да размислува за своето однесување на осамен начин нема да даде позитивни резултати, но охрабрувањето да го користи времето каде што може да размислува и да ги изразува своите емоции во погрижлива средина ќе резултира со посреќно дете.

Советите се во нејзиниот нов бестселер „Данскиот начин на воспитување тинејџери: што знаат најсреќните луѓе во светот за одгледување самоуверени, здрави тинејџери со карактер“:

Одлучете се за тајмин наместо тајмаут

-Ултиматумите, борбите за моќ и засрамувањето на тинејџерите ги учат дека сте доминантни и над нив – вели Ибен.

Таа додава дека идејата зад тајмаутите е да се обесхрабри лошото однесување со поставување на тинејџерот во ситуација која би сакал да ја избегне, како што е седење в соба со часови размислувајќи зошто се опијанил. Таа вели дека тинејџерите не се контролираат целосно себеси и работа на родителите е да „водат, а не да казнуваат“.

Според психотерапевтот, тајминот е малку како тајмаутот, но е многу погрижлив и повреден.

-Обезбедува пауза за изразување и смирување на тинејџерите во безбедна атмосфера, без закани со ултиматуми и исклучување. Присуството на родител кој заедно со него ги регулира неговите чувства, го утешува и го води кон алтернативни методи на изразување, го прави престојот подобра алтернатива. Ако му укажете само што не треба да прави, ќе му биде тешко да разбере што сакате да прави – објаснува Ибен.

Таа додава дека за оние родители што претпочитаат да одржуваат тајмаут во својот живот, треба да воведат и тајмин за да создадат рамнотежа.

Обезбедете информации

Тинејџерите денес се поотворени, бараат повеќе знаење и дијалог за сексуалноста, идентитетот и емоциите отколку во минатото. Ова е позитивно, но неизвесностите сѐ уште може да останат. Иако секој може да „гугла“, интернетот често може да го збуни тинејџерот.

„Верувам во искрен и неосудувачки дијалог со децата за да им помогнам во овој период од нивниот живот“ – вели таа.

Прифатете го одбивањето

Тинејџерите понекогаш не сакаат да зборуваат и може да ја напуштат просторијата. Прифатете го нивното одбивање и знајте дека ќе дојдат кај вас кога ќе бидат подготвени. Ако им дозволите да ги изразат своите чувства, ќе им помогнете да научат да се саморегулираат и сами да си ја вратат емоционалната состојба. Ова е важно бидејќи многу пати во животот ќе мора да се соочат со емоционални испади и повредени чувства.

Прифатете промени во расположението

Причината за промените во расположението е во мозокот. Во тоа време тие поминуваат низ значителни промени и се појавуваат многу нови врски кои му овозможуваат на тинејџерот подобро да сочувствува.

Но, овој процес ќе потрае.

Овој емоционален развој не е завршен додека девојчињата не наполнат 20, а момчињата 22.

Запомнете го правилото од 90 секунди

Може да биде тешко да се справите со тинејџер кој за краток временски период го менува расположението – од плачење до смеење, па до молчење. Потсетете се на 90. секунди од хемискиот процес што се случува во телото на тинејџерот. Хемикалиите се движат низ телото, ставајќи го во состојба на готовност.

Потоа, ако продолжат да чувствуваат интензивни емоции, можете да им помогнете да ги испитаат мислите што сè уште ги имаат, а кои повторно ги стимулираат мозочните врски. Можете да останете смирени и прибрани, а тоа ќе му помогне на нивниот нервен систем да се усогласи со вашиот.

Препознајте ја конфузијата

Додека малото дете сте го фалеле како совршено, како тинејџер – тоа се менува. Можеби порано беше смешно детето да подригнува на масата, но одеднаш тоа е несоодветно и погрешно. Детето се потпира на вас и ќе верува во она што го учите.

Поставете граници

Свесен родител е оној што може да постави граници, но може и да влезе во дијалог со тинејџерот ако нешто изгледа неправедно. Поставувањето граници значи да се биде доволно добар родител од кој може да зависи вашиот тинејџер.

Поделете ја работата

Ако ги вклучите децата во домашните работи пред адолесценцијата, ќе биде сосема природно да продолжат. Тие им даваат и можност за ментален развој и чувство за смисла.

Изградете доверба

Според Светскиот извештај за среќа, Данска е прогласена за една од најсреќните земји во светот.

„Мислам дека ова е делумно затоа што данското општество високо ја цени довербата. Тинејџерите треба да се пуштат и да ризикуваат, но погрешно е да ги осудуваме поради тоа. Не можете да го контролирате однесувањето на вашиот тинејџер, но можете да се фокусирате на зајакнување на вашата врска“, истакнува Ибен.

Автор: Ема Михановиќ

Извор



912

X