Покрај другите промени, некои жени во бременоста го чувствуваат и синдромот на немирни нозе – РЛС (Restless legs Syndrome). Причината за појавата и начинот на кој се разрешува сѐ уште не се познати, но има совети што можат да помогнат.

Често не можете да заспиете бидејќи чувствувате непријатност или тапа болка која ве тера постојано да ги помрднувате нозете? Веројатно ве мачи синдромот на немирни нозе. Како се појавува и зошто, научниците сѐ уште немаат одговор, но и меѓу лекарите не постои консензус како треба да се пристапува кон овој проблем.

Меѓутоа, се согласуваат дека станува збор за проблем на централниот нервен систем. Околу 10% од луѓето страдаат од овој синдром, а се чини дека почесто се јавува кај бремените жени. Дури една третина од бремените жени имаат немирни нозе и навечер имаат проблем со заспивањето, особено во последната третина од бременоста. Добрата вест е дека овој синдром исчезнува веднаш по породувањето. Но, треба да знаете и дека можноста повторно да се појави веќе при следната бременост е 60%. Се разбира, важи и обратното – овој непријатен синдром лесно може да ве заобиколи ако не сте го почувствувале при првата бременост.

Причини, симптоми, помош

Иако причините не се познати, некои фактори што влијаат врз појавата на овој синдром се познати. Бременоста е една од нив.

* инсуфициенција на бубрезите
* нарушувања на работата на штитната жлезда
* слабокрвност
* ревматичен артритис
* недостиг на железо
* нарушување на метаболизмот
* бременост

Лошото спиење оди рака под рака со синдромот на немирни нозе
* трпки
* јадеж
* непријатност и болка
* симптомите се движат насекаде по нозете
* потреба да ги движите нозете
* немир
* несоница

Што може да ви помогне?

* масажи
* триење на нозете со сунѓерче за бањање
* пешачење и возење велосипед
* јога и опуштање на мускулите
* некои лекари советуваат и акупунктура или хомеопатија
* чаша минерална вода навечер или магнезиум

Задолжително избегнувајте

* стрес
* кофеин
* алкохол.



912

X