Воспитување

Променете го родителскиот пристап кога децата стануваат тинејџери

Родители, сигурно чувствувате анксиозност само што го читате овој наслов. Тешко е да се дојде во допир со реалноста и фактот дека вашето бебе не е повеќе бебе и дека порасна. Надминати се деновите во основно образование, поминат е прагот на пубертетот, откривањето нови хобија и стекнувањето независност. Нема повеќе малечко дете што постојано има потреба од водење и поддршка – вашето дете сега е тинејџер. Како што продолжува да се менува, вие треба да го менувате и начинот на родителството. Ако тоа ве плаши, само запомнете дека сега имате прекрасна можност да ги зајакнете вашите тинејџери со цел да си го остварат својот најголем потенцијал.

Да бидеме искрени, бев тежок тинејџер додека растев. Бев независна и иако почитував авторитет и имав добри оценки, често знаев да бидам безобразна и бунтовна дома. Пораснав во згрижувачки домови и со разведени родители, а гледајќи наназад кон тие искуства, научив многу за секој родителски стил што влијаеше врз мојата ефикасност, самодоверба и мотивација, како и врз моите односи.

Голем дел од детството е поминат во откривање. Вашето дете било изложено на спортови, музика и уметност, социјални групи, па почнало да ги развива своите индивидуални интереси и својата личност. Бидејќи сите сме толку различни, нема единствен пристап кој одговара на сите тинејџери, но еве во што е поентата: сте ја поминале последната деценија и потоа сте го подготвувале детето да биде успешна индивидуа, па сега е време да се надградат правилата и насоките како што детето преминува во тинејџерските години.

Ако им дадете на тинејџерите повеќе слобода, ќе бидат и поотворени и искрени

Границите се важни кога почнувате – работи како време за излегување, очекувања дома и на училиште, споделени вредности од самиот однос. Ако се обидувате да го задржите истото ниво на близок надзор и водење како што сте правеле кога бил помлад, вашиот тинејџер може да пропушти големи социјални клучни моменти или да се чувствува како да е под забрана, па сето тоа може да доведе до лутина, фрустрација и незадоволство подоцна. Ако им дадете на тинејџерите повеќе слобода и себеавторитет, тоа ќе им дозволи да го продлабочат откритието за себеси и за светот, а често ќе бидат и поотворени и искрени за своите лични животи бидејќи ќе знаат дека сте им дале простор да учат (од своите грешки).

Зајакнете ги своите тинејџери и слушајте ги искуствата што тие ги споделуваат со вас. Практично, ова изгледа како да дозволувате вашиот тинејџер да носи самиот одлуки, без разлика дали се работи за облеката или за пријателите со кои ќе се дружи. Оставете го да дојде кај вас да побара помош и совет наместо вие автоматски да му го дадете. Слушајте и прашувајте прво, а давајте инструкции како втор чекор.

Запомнете да имате разбирање за нив, бидејќи и вие сте биле млади и будалести некогаш

Поттикнувајте ги тинејџерите да пробаат нови хобија и да ги истражуваат своите интереси. Нагласете ги безбедноста, транспарентноста и довербата во вашите односи и искористете ја секоја можност за да креирате заедница базирана на поддршка за нив во нивното семејство, кај пријателите, менторите, наставниците и тренерите. Последно: запомнете да имате разбирање за нив, бидејќи и вие сте биле млади и будалести некогаш. Не плашете се. Бидете возбудени, врзете се и уживајте во возењето!

Автор: Касиди Литлтон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top