Прекрасен цвет ми го постави ова прашање денес во моите приказни и си помислив дека можам да ги понудам моите мисли. Како прво, никогаш не си била изгубена. Ти си тука, прекрасната ти, но можеби само си заборавила или си ја повлекла својата личност, или си била засрамена од неа, исплашена од осуда или неприфатеност.
Процесот е пат за да си се вратиш дома кон себеси. Кон тебе, која од секогаш била тука, за која можеби е време да и се даде шанса.
Како да го сториш тоа?
-Дневник – пишувај слободно без очекувања. Користи фрази како „Која сум јас?“ и „копај“ се подлабоко секој пат.
-Започни отворени разговори со сакани лица од доверба, истражувај.
-Работи со тренери, советници. Не ја потценувај перспективата на другиот, помошта и поддршката од тие врски и поставувањето длабоки прашања.
-Обидувај се да правиш нови работи и да истражуваш што е она што те расположува. Од секогаш сакаше да се обидеш со танцување? Оди на час. Истражувај, експериментирај.
-Напиши листа на работите кои ги вреднуваш и откриј ги твоите топ 5.

-Преиспитувај се што се случува во твојот живот и запрашај се дали се е на свое место. Врски, работа итн. А потоа започни да прилагодуваш таму каде што треба.
-Потпри се на своите инстинкти и интуиција повеќе и верувај им.
-Напиши го твоето сценарио за твојата замисла за живот од соништата – навлези во детали колку што можеш повеќе, до облеката која би ја носела, до начинот на кој луѓето бу зборувале со тебе, начинот на кој се чувствуваш за себеси, како ти е домот уреден итн. Дозволи си на себеси да веруваш дека можеш да имаш таков живот
-Следи го она што ти прави добро, што ти причинува задоволство и добро расположение – без да го оставиш твојот логичен ум да те одврати од тоа.
Сето тоа ќе ти помогне да започнеш. Ова не е работа која се постигнува преку ноќ. Дај си време и трпение за истражување. И најди ја забавата и радоста во твоето патување!
Со среќа, мајко!
Автор: Сара Ноубл