Секојдневно се поврзуваме со луѓето, без разлика дали тоа е со нашите деца, пријатели, семејство или колеги од работа. Некои врски се подлабоки и поповрзани од другите. Кога односите што ги имаме дома со нашите деца се градат на заемна почит и доверба, тоа не само што создава силни семејни врски, туку и многу помага за детската самосвест и чувство на припадност.
Детскиот психолог, воспитувач за родители и мајка Џејми Блох на „Инстаграм“ откри седум начини на кои таа самата развива почит и доверба со своите деца, а родителите кои ги применуваат исто така можат да ја постигнат истата цел.

– Давање слобода на децата да пробуваат нови работи;
– Разговор соодветен за нивната возраст;
– Слушање и покажување интерес за она што ги интересира;
– Признавање на нивните емоции и сочувство;
– Комуницирање и објаснување на донесените одлуки;
– Давање простор за автономна, независна и креативна игра;
– Семејно поврзување преку игра која е насочена кон нивните интереси.
– Кога односите што ги имаме дома со децата се градат на заемна почит и доверба, се создаваат силни семејни врски. Темелите на позитивниот однос меѓу родителите и децата се градат на отворена комуникација, активен процес на решавање конфликти и афирмација на безусловна љубов Запомнете, не е важно колку години има вашето дете, овие навики можете да ги започнете додека е на која било возраст – заклучува психологот.