Чувството на глад во текот на бременоста е нормална и честа појава, особено ако имате на ум дека во вас расте дете. Само треба да бидете внимателни, задоволувањето на гладот ​​не треба да доведе до прејадување и консумирање храна која нема нутритивна вредност бидејќи тоа може да има последици и врз вашето и врз здравјето на бебето.

Еве неколку совети како да го контролирате гладот ​​кога сте во блажена состојба:

Јадете почесто – јадете на секои три часа, тоа ќе спречи да почувствувате голем глад, па ќе јадете повеќе храна. Обидете се да јадете шест помали оброци во текот на денот наместо три големи (што исто така може да помогне во борбата против киселините што може да ги имате).
-Фокусирајте се на протеините, влакната и здравите масти – вклучете храна која содржи микс од три хранливи материи во секој оброк. Тие ќе го одржат нивото на шеќер во крвта и ќе ги спречат нападите на глад.
-Намалете ја или елиминирајте ја нутритивно лошата храна –
пијалаци со додаден шеќер, како и брза храна и нездрави грицки. Ќе добивате само калории без да имате корист.
-Пијте многу вода – осум до дванаесет чаши вода дневно. Водата го помага варењето и помага хранливите материи побрзо да се апсорбираат во телото.
-Исклучете ги другите причини за глад – понекогаш може да ги помешате жедта, стресот или досадата со глад.
-Дајте му приоритет на спиењето – идеално е од 7 до 9 часа сон во текот на ноќта. Ако сте уморни, ќе почувствувате зголемен глад.
-Јадете полека – ако јадете брзо додека гледате телевизија или на телефон, помала е веројатноста да забележите сигнали од вашиот мозок кога да застанете зашто сте сити.

За да бидете сигурни дека добивате важни хранливи материи додека го задоволувате гладот, изберете здрава храна со повеќекратни придобивки, како што се:

-овошје и зеленчук – кои ќе сочинуваат половина од вашата чинија за време на оброкот.
-цели зрна – како леб и тестенини од цели зрна, овес, киноа, јачмен, кафеав ориз.
-млечни производи со малку маснотии – вклучувајќи јогурт, млеко и сирење.
-протеинска храна – грав, печурки, риба, јајца и посно месо од живина.

Еве неколку предлози како да ги збогатите вашите оброци:

-користете зрело авокадо како намаз на сендвичи наместо мајонез и наместо крем-сирење.
-овошјето исечкајте го на коцки и измешајте го со јогурт.
-згответе киноа и искористете ја како прилог или изблендирајте ја со банана за да направите здрав пудинг.
-наместо коцки препечен леб, во салатите можете да додадете разни семки од тиква или чиа.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор



912

X