Здравје

Како да се исфрли секретот од дишните патишта

Прашање од мајка: Петгодишната ќерка од седмиот месец на животот има проблеми со белите дробови. Тогаш имаше бронхитис кој се повтори уште 3 пати во следните 6 месеци. Речиси секоја вирусна инфекција е проследена со секрет во носот кој често се спушта на белите дробови, па инхалациите ни беа од голема помош. Детето над 12 месеци беше на профилакса и ситуацијата значително се подобри – опструкциите се изретчија, а од 4-тиот роденден повеќе ги нема. Бидејќи оди во градинка, често се заразува со некој од вирусите и повторно се јавува секрет кој долго го исфрла, некогаш и две недели од почетокот на болеста. Тогаш белите дробови се чисти, педијатарот редовно ја следи и никогаш нема опструкции, но кашлицата знае да биде упорна. Како што доаѓа студеното време, ова почесто се случува. Се обидовме со разни сирупи и лекови, но без некој посериозен ефект. Затоа имам неколку прашања за тоа како да се исфрли секретот од дишните патишта:

Зошто детето во зима има повеќе секрет во дишните органи?

Тоа е резултат на поголемиот број вируси што ги напаѓаат дишните органи. Ним им одговара студеното време, но затворените простории, во кои престојуваат многу луѓе и деца, доведуваат до нивно ширење. Тоа се респираторни вируси, има многу видови, а неретко се случува слично да се манифестираат кај децата преку течење на носот, кашлање, а понекогаш и забрзано и отежнато дишење. Речиси сите имаат една заедничка карактеристика – создавање секрет во дишните патишта.

Дали е ова всушност астма?

Не е! Астмата е болест во која се јавува стеснување на дишните патишта – бронхоопструкција! Кога овие бронхоопструкции се повторуваат, настанува астма. Бидејќи белите дробови на вашето дете се чисти, тоа значи дека нема стеснување на дишните патишта – бронхоопструкции, па тоа не е астма.

Каква е разликата помеѓу астма и бронхитис?

Бронхитисот се јавува во повеќе видови, но ако бронхитисот се повторува и е проследен со бронхоопструкција, тогаш тоа е всушност астма. Кога бронхитисот се јавува ретко, а е предизвикан од наталожување на секретот во бронхиите, тогаш тоа не е астма, туку вирусно воспаление на бронхиите.

Може ли ова да се претвори во воспаление на белите дробови?

Тешко – мала е шансата! Очигледно дека вашето дете нема секрет во долните дишни патишта, бидејќи тоа би значело бронхитис или опструкција, но тогаш белите дробови не се чисти. Кога секретот долго се задржува во бронхиите и не се исфрли како што треба, постои ризик од настанување воспаление на белите дробови – пневмонија.

Дали инхалациите може да помогнат?

Може, тука нема сомневање! Иако секретот е високо (во носот, грлото и душникот), инхалациите може да помогнат, дури и кај постарите деца. Погрешно се мисли дека инхалаторите се само за бебињата – тоа не е точно.

Со што да се инхалира детето?

За почеток е доволно тоа да биде инхалација со обичен физиолошки раствор. Тоа ќе помогне секретот да се разреди и така полесно да се исфрли.
Ова изгледа банално, но е одличен начин да му се помогне на детето.

Колку долго и колку често да се прават инхалации?

3 пати дневно, по околу 5 минути е сосема доволно да се види како ќе реагира детето. Инхалациите се спроведуваат пред (или помеѓу) оброци, а никогаш по јадење. По потреба бројот на инхалации може да се зголеми – нема опасност од претерување.

Автор: д-р Горан Вукомановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top