На празниците кои се посветени на мртвите, луѓето одат на гробишта за да се потсетат на своите најблиски кои повеќе не се меѓу живите. Гробиштата можат да бидат страшни за децата, особено ако првпат ги посетуваат, а разговорот за смртта никогаш не е пријатен, но тоа не значи дека треба да се избегнува таквиот разговор со децата.

И возрасните тешко се справуваат со загубата на саканите. Сепак, сето тоа е дел од животот, а разговорот со дете може да биде тежок, но сепак неизбежен.

Децата поставуваат различни прашања за сè, за светот околу нив, бидејќи се многу љубопитни, па родителите понекогаш не знаат што да одговорат и како да им објаснат одредени теми. Порано или подоцна, ќе се соочат со смртта на некој близок, па затоа е важно да знаете како да разговарате со нив за оваа чувствителна тема и да им дадете одговори кои нема да ги збунат или вознемират.

Треба да им се помогне на децата да се чувствуваат удобно и безбедно кога одат на гробишта. Со добра комуникација, првата посета на гробишта не мора да биде збунувачко искуство.

Важно е да разговарате со нив пред првата посета. Поврзете ги и со саканата личност која веќе ја нема.

Ако првпат го посетувате гробот на некој близок со своето дете, има неколку корисни совети кои можете да ги земете предвид, а кои ќе ви помогнат да се подготвите и самоуверено да одговорите на сите прашања што може да ги постави детето.

Разговарајте со детето пред да заминете на гробишта

Првиот чекор што можете да го направите за вашето дете да се чувствува поудобно при посета на гробиштата е да зборувате за гробиштата и смртта пред првата посета. Можете да читате книги соодветни на возраста или заедно да гледате филмови кои се специјално направени за нив. Со добра подготовка и разговор, првата посета ќе биде помалку непријатна за детето. Тоа му помага на детето да се поврзе со личноста која повеќе не е таму.

Поврзување со личноста која веќе ја нема

Следниот чекор е да му помогнете на детето да се поврзе со саканата личност која ја нема, дури и ако таа личност не е погребана на гробиштата. Кажете му приказни за вашите најблиски, гледајте стари фотоалбуми и пренесете им го сето она што ги направило овие луѓе важни, вредни и блиски до вас. Исто така, поттикнете ги децата да споделуваат приказни за нив. Понесете фотографија од изгубената блиска личност и покажете им на децата на чие вечно почивалиште одите. Не плашете се да зборувате за саканите.

Запознајте ги децата со процесот и правилата на однесување на гробиштата

Многу е важно детето да знае што да очекува пред да оди на гробишта, а треба да ги знае и правилата на однесување на тоа место. Научете ги децата за значењето на гробиштата, како изгледаат, за што служат надгробните споменици и зошто таму се носат цвеќиња. Пред да заминете, објаснете му каков процес го чека.

Охрабрете ги прашањата на детето

Детето сигурно ќе има многу прашања. Искористете ја можноста да зборувате за смртта, за најблиските, објаснете му дека вашите сакани ќе бидат засекогаш во вашите срца.

Дајте му на вашето дете поддршка и сигурност

Кога ќе дојде време да се напуштат гробиштата, децата можат да бидат збунети. Погрижете се да знаат дека секогаш можат да се вратат и да ги посетат своите најблиски кои повеќе не се меѓу живите.

Автор: Ема Михановиќ

Извор



912

X