Гестацискиот дијабетес или уште познат како шеќерна болест за време на бременоста се јавува кога нивото на шеќер (гликоза) во крвта на трудницата станува превисоко. Како што известува клиниката „Мајо“, овој тип дијабетес првпат се дијагностицира во текот на бременоста, а трудницата никогаш претходно немала проблем со шеќерот во крвта.

Со оглед на тоа дека последиците не се воопшто безопасни, тоа може негативно да се одрази на текот на бременоста, но и на здравјето на детето. Но, кој е најлесниот начин да се препознае дека бремената жена има гестациски дијабетес?

Како што објаснуваат гинеколозите, дијабетесот за време на бременоста често не предизвикува никакви видливи знаци или симптоми, што може дополнително да ја комплицира дијагнозата. Сепак, нагласуваат дека повеќето трудници сè уште имаат некои симптоми, или два од нив. Тоа се: зголемена жед и често мокрење.

Исто така, постојат некои предупредувачки знаци кои може да се појават, само малку поретко. Тука спаѓаат: зголемен замор, гадење, проблеми со видот, или поконкретно заматен вид и чести инфекции на вагината, мочниот меур или кожата. Доколку не се препознае навреме, гестацискиот дијабетес може да доведе до зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2 кај бебето.

Покрај дијабетесот кај бебето, други последици од нерегулираниот гестациски дијабетес кај трудницата може да бидат раѓање големо бебе (макросомија), развој на вродени малформации, прееклампсија, спонтан абортус, одложено созревање на органите на бебето, особено на белите дробови и неонатална смрт.

Извор



912

X