Тешко е да се знае колку млеко му треба на новороденче, но има некои знаци на кои треба да се внимава, вели експертот за родителство Софи Пиклс.

„Јасно е дека бебето завршува со хранење кога ќе ги пушти градите или шишето и ќе заспие“, истакнала таа.

Доколку го храните вашето дете со шише и имате впечаток дека си игра со него, престанете да го храните и по 10-ина минути повторно понудете му млеко – советува Софи. „Ако бебето сè уште изгледа незаинтересирано за храна, тогаш знаете дека неговиот стомак е полн“, додала таа.

Софи истакнува дека е вообичаено новороденчињата да заспијат пред да испијат доволно млеко. „Сѐ додека вашето бебе добива тежина, има доволно влажни и валкани пелени и изгледа среќно и задоволно, нема потреба да се грижите дали јаде доволно“, забележува таа.

Наместо да го следите времето помеѓу хранењето, обрнете внимание на знаците што ви ги испраќа вашето бебе. Знаците на глад вклучуваат цицање раце и прсти, удирање на главата, превиткување и немир, отворање и затворање уста, лижење усни и плачење. Знаци дека вашето бебе е веројатно сито:

-Бебето заспало.
-Бебето се оддалечува од шишето или градите и ја врти главата.
-Немир или плачење и одбивање на шишето или градите.

Ако вашето бебе одбива повеќе од два или три оброци по ред, Софи советува да разговарате со вашиот педијатар.

Извор



912

X