Забавувањето на децата може да биде тешко, но мајката Криси на „Тик-ток“ тврди дека нашла решение. Таа успеала да ја задржи својата ќерка фокусирана и да ја забавува 15 минути во едно место со многу едноставна идеја која нејзиниот сопруг ја нашол на интернет.
Таа ѝ дава на ќерка си две кутии со играчки и ѝ дозволува да ги преместува играчките од едната во другата кутија. Во видеото, кое собра повеќе од два милиона прегледи, девојчето стои на столче додека двете кутии се на работната површина пред неа. Во едната има играчки кои ги префрла во другата кутија и така наизменично.
„Не се шегувам, таа го правеше ова 15 минути по ред. Го препорачувам како тактика“, напишала мајката.
Луѓето ѝ се заблагодаруваат за идејата, но споделиле и некои свои. „Ѝ дадов на внука ми сад и црпалка. Играше со часови“, „Јас сум учителка во Монтесори и ова се игри што ги препорачувам за невролошки развој“, „Детето што го чував се забавуваше цели 20 минути со цедалка и сламки“, напишала друга.
@imcrissyrodriguez I cannot remember the last time it’s been this quiet #joy #toddlertips #mom #toddlermom #toddlersoftiktok #toddlerplaying ♬ original sound – Crissy