Воспитување

Како да постапите кога бебето ќе падне на глава

Нема родители на кои не им се случило да не им падне детето, особено кога ќе изненади со брзо движење што порано не го применувало. „Само го тргнав погледот за секунда и тој/таа падна“, се речениците кои секојдневно се слушаат од родителите кои се преплашени во таа пригода. Веднаш помислувате на скршеници и тешки повреди, што е исклучително ретко. Повеќето бебиња поминуваат без сериозни последици, а еве што советуваат педијатрите.

Како изгледа бебе кое штотуку паднало?

Бебето веднаш силно плаче, а и во наредните 10 минути ќе плаче и ќе биде вознемирено. Ова е вообичаена реакција бидејќи се повредило, но и затоа што се нашло во неочекувана и непријатна ситуација. Дури и ако мајката и таткото се исплашат и плачат, бебето се вознемирува. Повеќето бебиња по 10 минути се однесуваат како ништо да не се случило, па затоа нема причина за грижа.

Како може да се повреди детето при пад?

Главата најчесто е повредена, што е сосема логично бидејќи тоа е најтешкиот дел од телото. Од друга страна, бебињата паѓаат од лежечка положба, без рефлексно да ги испружат рацете, па главата едноставно се протега. Понекогаш, по неколку минути можете да видите испупчен дел – што е, всушност, безопасен хематом. Големината не мора да биде во чекор со тежината на падот, па затоа не треба да ѝ се придава големо значење. Коските на главата на бебето се еластични, па посериозните повреди на коските се многу ретки. Вообичаено е повредено челото или тилот, а помала е веројатноста бебињата да паднат на лице или на страна. Нема значајна разлика во појавата на можните последици.

Што да направите ако детето почне да повраќа?

Кај бебињата, повраќањето по пад не е вообичаено. Може да се очекува ако бебето јадело триесет минути пред падот, но понекогаш се случува ако ударот бил навистина силен. Значи, нема причина за паника ако бебето повраќа неколку пати по падот. Не е добро ако постојано повраќа и се однесува невообичаено.

Што треба да направат родителите ако бебето падне?

– Лесно и без паника подигнете го бебето и прегрнете го така што главата малку да му биде навалена нанапред. Така ќе се избегне вдишување на содржината од желудникот во случај на повраќање.

– Тогаш бебето треба да го свртите кон вас и внимателно да барате повреди или крвавење на главата, усните или околу устата. Не треба да ја притискате главата во потрага по скршени коски (тоа е целосно бесмислено).

– Не давајте му на вашето бебе да јаде или да пие најмалку дваесет минути. За тоа време играјте си со него и обидете се да го натерате да заборави на траумата низ која поминало.

– Ако бебето се однесува како ништо да не се случило по 20-30 минути, треба да му се даде да јаде или да спие ако сака.

Кога треба да се јавите на лекар без одлагање?

Ова се многу ретки ситуации, но треба да ги знаете. Потоа треба мирно да одите во брза помош:

Постојано повраќање кое го исцрпува детето

Не е невообичаено бебе со благ потрес на мозокот да повраќа еднаш или двапати. Меѓутоа, ако тоа се случува во серија – бебето мора да се однесе на преглед.

Кога бебето ќе удри во нешто остро или силно додека паѓа, доаѓа до обилно крвавење

Тогаш е неопходно да се оди на лекар, но за време на транспортот, местото на крвавење треба да се притисне со стерилна газа (ако ја нема, добра е и чиста памучна пелена – ова ќе го запре крвавењето).

Невообичаена поспаност или ако детето е наизменично крајно вознемирено и крајно поспано – односно се однесува многу чудно

Тогаш е неопходно да се следи невролошкото однесување на детето за да се исклучи најсериозната компликација од тешки падови на главата – крвавење во мозокот или од артериите од внатрешната страна на коската. Ваквото крвавење е навистина опасно за бебето, но е исклучително ретко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top