Температурите полека се намалуваат и сега е вистинско време да поминувате што повеќе време надвор. Но, тука се и инсектите, па има опасности од повеќе страни. Пчелата е дефинитивно инсектот што најмногу ги загрижува родителите бидејќи нејзиниот убод често може да предизвика алергии.

Првото нешто што секој родител треба да го знае е дека ако пчела го искасала детето во устата или на усната, треба што поскоро да побара лекарска помош бидејќи постои можност отокот да му пречи на дишењето на детето.

Симптоми на убод

На местото каде што е убодот веднаш ќе се појави црвен оток и тоа може да предизвика пулсирачка болка и да биде многу чувствителен на допир. Сето ова ќе помине во рок од 24 часа. Меѓутоа, ако пчела неколку пати искасала дете, постои можност премногу од отровот на овој инсект да навлезе во телото, па детето може да развие треска или да изгледа многу исцрпено и болно. Се разбира, контактирајте го вашиот лекар за помош што е можно поскоро.

Третман за убод

Домашните лекови за намалување на отокот и непријатноста вклучуваат:

-Сода бикарбона која треба лесно да се втрие на кожата околу раната.
-Студена облога или мраз завиткан во крпа.
-Ако на местото на убодот остане осилото, што е можно побрзо отстранете го.

Алергиски реакции

Ако веќе знаете дека вашето дете е алергично на убоди и каснувања, сигурно секогаш имате со вас третман за прва помош. Но, ако не знаете дека детето лошо реагира на убоди, имајте ги на ум следните опасности:

– Чешање
– Исип
– Тешкотии со дишењето
– Оток што не поминува
– Отокот може да се прошири и на други делови од телото, вклучувајќи го и јазикот
– Лицето може да биде подуено.

Ако забележите некој од овие симптоми, побарајте лекарска помош што е можно поскоро.

Автор: Радмила Илиќ

Извор



912

X